Свет
САД признаа најмалку 188 цивилни жртви во операциите во Сирија и Ирак
Најмалку 188 цивили загинале во американските воздушни напади врз позициите на ултрарадикалната сунитска организација исламска држава во Сирија и во Ирак од почетокот на операцијата во есента 2014 година, објави во понеделникот американската армија.
Комбинираната заедничка борбена група во својата месечна процена на цивилните жртви од операциите на меѓународната коалиција предводена од САД, наведува дека се обработуваат уште пет извештаи за несакани смртни случаи во четири напади во 2016 година и за еден од 2015 година.
Процените на американската армија, забележува Reuters, се далеку помали отколку процените на невладините организации, како на пример Air Wars, којашто ги следи страдањата на цивилите во меѓународните воздушни напади во регионот на Блискиот исток. Оваа група проценува дека во Ирак и во Сирија од почетокот на кампањата предводена од САД загинале 2.100 цивили.
Американските функционери изразија жалење поради цивилните жртви.
„Иако коалицијата презема извонредни напори за да напаѓа исклучиво воени цели така што ќе биде минимизиран ризикот од цивилни жртви, во некои инциденти жртвите се неизбежни“, се наведува во соопштението на споменатата борбена група.
САД и неговите коалициски партнери извеле 17.005 воздушни напади врз Исламската држава заклучно со 30-ти декември 2016 година, од што 10.738 во Ирак и 6.267 во Сирија, според американските воени податоци. Операцијата против Исламската држава во споменатите две земји чинела 10 милијарди долари од 2014 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

