Свет
САД се заканија со нови санкции околу конфликтот во Венецуела
Иако огромно мнозинство во светот сè уште го смета Николас Мадуро за легитимен лидер на Венецуела, специјалниот пратеник на САД посочи дека Вашингтон би можел да санкционира трети страни кои им пркосат на напорите на САД за промена на режимот, пренесува РТ.
Меѓународната заедница мора мудро да избере страна во конфликтот во Венецуела, рече во вторникот „надглeдувачот“ на американската интервенција во Латинска Америка, специјалниот претставник Елиот Абрамс, истакнувајќи дека Вашингтон нема да ги насочи економските санкции само против владата на Мадуро, туку кон сите кои ќе го поддржат.
„Секундарните санкции се јасна можност”, рече Абрамс.
Досега околу 54 земји потклекнаа под притисокот на САД и го признаа самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуаидо, кој од јануари се бори за промена на власта.
„Иако САД тврдат дека моментумот е добар за да се придобијат повеќе земји, поголемиот дел од земјите во светот ги отфрлија империјалистичките амбиции на Вашингтон“, изјави Колин Кавел, вонреден професор по политички науки на државниот колеџ „Блуфилд“.
„Американската администрација го интернационализира венецуелскиот конфликт на многу опасна основа … заканувајќи им се на други земји кои соработуваат со Венецуела и велејќи дека ‘ако не ги поддржувате нашите санкции, и вам ќе ви наметнеме санкции’“.
Санкционирањето на владите низ целиот свет поради поддршката на Мадуро не само што го крши меѓународниот закон туку го истакнува безобразното мешање на САД во внатрешните работи на една суверена нација, смета Кавел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Регион
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.
Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.
Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец.