Свет
Сателитски снимки од турските градови пред и по земјотресот
Американската компанија Maxar Technologies објави сателитски снимки од турските градови пред и по земјотресите, кои го покажуваат степенот на штетите предизвикани од разорните земјотреси, кои во понеделникот ја погодија областа.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала ја погоди областа во понеделникот рано наутро додека луѓето спиеја, а друг со јачина од 7,5 степени по Рихтер ја погоди истата област околу пладне додека преживеаните се обидуваа да извлечат што е можно повеќе луѓе од урнатините.
Според досега објавените информации, загинале најмалку 16 илјади лица, а над 50 илјади се повредени. Сепак, се стравува дека таа бројка ќе се зголеми.
Додека тимовите за пребарување и спасување од целиот свет пристигнаа во регионот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те најтешко погодени провинции.
„Ова е една од најголемите катастрофи на нашиот регион и светот“, рече Ердоган, кој беше критикуван поради бавната реакција на државата.
Турција го процени бројот на спасувачкиот персонал кој работи на пронаоѓање на преживеани во урнатините на урнатите куќи и згради на повеќе од 60.000, а војската распореди 100 авиони и 10 брода.
Конечните размери на катастрофата сè уште не се јасни, а голем број луѓе се водат за исчезнати под урнатините. Во некои градови поради земјотресот се урнаа цели блокови. Повеќе од 5.700 згради се урнаа во Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ изрази сочувство за смртта на Раиси
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до народот и владата на Иран во врска со смртта на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси.
„Изразувам сочувство до народот и владата на Исламската Република Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, искрен и доследен пријател на Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.
Хеликоптерот со Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Свет
Хелокоптерот во кој загина иранскиот претседател не емитувал никаков сигнал
Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран немал вкучено сигнален систем или не поседувал, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Уралоглу им рече на новинарите дека провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал.
„Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем бидејќи ние сигурно ќе ги видиме тие сигнали, но немаше“, рече тој.
Регион
18-годишник е уапсен бидејќи го запалил хрватското знаме и го споделил на социјалните мрежи
Осумнаесетгодишник е уапсен во Славонија бидејќи на 1 мај го запалил хрватското знаме во шумата кај Трпија.
Како што дознала полицијата, тој тоа го снимил и го објавил на социјалните мрежи.
„На овој начин тој јавно го подложи знамето на Република Хрватска на потсмев и грубо омаловажување и на јавноста и стави на располагање видео од тој чин преку компјутерска мрежа, во кое повикува на насилство или омраза насочена кон група луѓе поради нивната национална или етничка припадност“, наведува полицијата во кривичната пријава.
Пријавата го товари младиот човек за јавно поттикнување насилство и омраза и нарушување на угледот на Република Хрватска. За овие злосторства му се заканува затворска казна до три години.
Од полицијата потврдија дека со решение на Жупанискиот суд во Вуковар, на 18-годишникот му е одредена мерка притвор.