Европа
(Видео) Луѓето во Сирија со голи раце копаат во урнатините за да ги спасат затрупаните заборавени од светот
Додека очите на целиот свет се вперени во Турција, каде што спасувачите од целиот свет притрчаа да им помогнат на настраданите по катастрофалниот земјотрес што се случи во понеделникот рано наутро на турско-сириската граница, во соседна Сирија се случува вистинска драма, пренесуваат светските медиуми.
Според написите, земјата која е во граѓанска војна од 2011 година и владата на Башар ал-Асад под меѓународни санкции, предизвикаа жртвите од земјотресот да немаат ниту соодветна хуманитарна помош, а недостигаа и спасувачи, на кои во меѓувреме им се придружија и Ерменците.
Syrians affected by the earthquake don’t have the proper resources to save enough lives..they’re resorting to using buckets and their bare hands to dig..they’re completely helpless as they watch the thousands of lives they could save if they had the right machinery #HelpSyria pic.twitter.com/zI0no2hB1Z
— safa (@duydezi) February 8, 2023
Најтешко е погоден регионот на Алепо, кој е под контрола на Сириската ослободителна армија и групите што му се противат на Башар ал-Асад, што ја отежнува потрагата и ги принудува луѓето сами да се грижат.
🇸🇾 Syrians cheering. People laughing and crying – a family was pulled out from under the rubble. Adults and three children spent 36 hours between life and death. 👏🫡 pic.twitter.com/en8nyFHi1I
— Roberto (@UniqueMongolia) February 8, 2023
Сирија, според извештаите, нема ниту спасувачи ниту соодветни ресурси за спасувачки операции и извлекување на затрупаните во катастрофалниот земјотрес.
Беспомошност и чувство на немоќ покажуваат лицата на луѓето затоа што не може да ги спасат своите пријатели, соседи, роднини или членови на семејствата.
Според извештаите, и покрај недостигот на меѓународна хуманитарна помош, спасувачи и опрема, неколкуте спасувачи што успеваат да најдат некој жив почнуваат да плачат и да се смеат во исто време.
Вчера, едно сириско семејство беше извлечено живо од урнатините. Двајца возрасни и три деца 36 часа се бореле против смртта и успеале да ја победат и да излезат живи под куп урнатини.
Додека траат спасувачките операции, многумина на социјалните мрежи почнаа да апелираат до меѓународната заедница да ги укине санкциите против Сирија со цел да се отстранат последиците од разорниот земјотрес и да им се помогне на настраданите.
Според последните податоци на властите во двете земји, вкупниот број на загинати достигна 15.383, од кои 12.391 во Турција и 2.992 во Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.
Европа
Продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација од 14 мај до 11 август.
Зеленски на 6 мај достави до парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, објави „Киев индепендент“.
Украинскиот парламент гласаше да го одобри продолжувањето два дена подоцна.
Тој претходно ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата од 14 февруари до 14 мај.
Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна напад врз Украина.
Оттогаш, мерката беше продолжена неколку пати.
Оваа мерка значи дека Украинците на возраст меѓу 18 и 60 години, со некои исклучоци, не можат да ја напуштат земјата бидејќи може да бидат повикани на воена служба.
Во април, парламентот усвои закон за ажурирање на правилата за мобилизација додека земјата се обидува да ги надополни редовите на своите вооружени сили.
Европа
На парадата на Путин имаше само еден тенк, луѓето се потсмеваат: „Па, барем вози“
Иако воената парада во Москва е нормално можност Русија да се пофали со својата војска, оваа година само еден тенк помина низ Црвениот плоштад. За работите да бидат уште поинтересни, тоа беше тенк Т-34, произведен пред 90 години – уште пред да се роди Путин.
Да потсетиме, на воената парада и минатата година учествуваше еден тенк, истиот Т-34. Многумина го исмеваат Путин поради ова.
The only Russian tank present at today’s Victory Day parade in Moscow is a single T-34. pic.twitter.com/ut3T6zr31v
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) May 9, 2024
„Овој Т-34, легендарниот советски тенк од Втората светска војна, беше единствениот руски тенк изложен на парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад денес“, напиша Макс Седон, шеф на московското биро за „Фајненшл тајмс“. „Сите останати мора да се некаде зафатени!“
Про-украински корисник на „Икс“ напиша: „Па, барем вози“.
Друг корисник додаде: „Ништо не говори „втора армија на светот“ како осамениот тенк на победничката парада втора година по ред“.