Свет
Сведок на нападот во Истанбул: Се смрзнав кога ја слушнав експлозијата
Најмалку шест лица загинаа, а 53 се ранети во силна експлозија што одекна денеска во Истанбул.
Иако причината за експлозијата не е официјално потврдена, турскиот претседател Ердоган изјави дека првичните информации укажуваат дека станува збор за терористички напад.
Доаѓаат првите изјави на сведоци. Работник во ресторанот на авенијата Истиклал, каде што се случи експлозијата, дал изјава за „Ројтерс“.
„Кога ја слушнав експлозијата, се замрзнав. Луѓето само стоеја во место и се погледнаа. А потоа почнаа да трчаат. Што друго можете да направите? изјави Мехмет Акус, додавајќи дека веднаш по експлозијата му се јавиле роднините.
„Ми се јавија роднините, знаат дека работам во Истиклал. Им реков дека сум добро“, рече Акус.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди „страшниот напад“ на популарната пешачка улица. Тој вети дека казната ќе ги снајде оние кои ќе извршат терористички напади врз турската нација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.