Свет
Сведоштва на патници што го преживеале судирот на возови во Чешка: „Луѓето кршеа прозорци за да скокнат надвор, благодарен сум што сум жив“
Најмалку четири лица загинаа, а 23 се повредени, од кои тројца потешко во судир на патнички и товарен воз во градот Пардубице во Чешка, соопштија официјални лица.
Патниците што биле во возот во моментот на судирот изјавиле дека првин се слушнал силен удар, а потоа луѓето почнале да ги кршат стаклата за да излезат.
Областа околу несреќата е опколена и има десетици спасувачки возила, а има и осум болнички екипи и еден хеликоптер, како и повеќе од 60 пожарникари.
„Ми се чинеше дека оди во погрешна насока. Семафорот беше зелен. Одеднаш се слушна удар“, рекол еден од патниците.
Друг патник го опишал моментот на катастрофата, пренесува „Телеграф“.
„За среќа, седевме во следниот вагон. Слушнавме луѓе како кршат прозорци, а потоа скокаа надвор“, рече тој.
Еден од патниците на експресниот воз за ЧТК изјави дека почувствувал голем удар и си ја повредил ногата.
Од возот излегол сам, а пожарникарите најпрвин се обиделе да ги задржат патниците во вагоните бидејќи така било најбезбедно.
„Благодарен сум што сум жив“, рече тој.
Полицаецот Роман Мрквичка, кој беше меѓу првите на местото на несреќата, за новинарите изјави дека е изненаден од апсолутната тишина.
„По шините се движеа само луѓе што очигледно беа во шок“, рече тој.
„Еден од вагоните беше тешко деформиран, луѓе беа заглавени внатре, некои и повредени“, ја опишал ситуацијата полицаецот.
Чешката телевизија објави и дека товарниот воз превезувал калциум карбид, но дека не дошло до истекување бидејќи првите два вагона биле празни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.