Свет
Северна Кореја лансира повеќе од 200 гранати, Јужна Кореја евакуира два острова
Јужна Кореја нареди евакуација на два острова по артилерискиот оган на Северна Кореја, пренесува АФП. Јужна Кореја им порача на цивилите на островот Јеонпјеонг да се евакуираат откако Северна Кореја лансира речиси 200 артилериски гранати од својот западен брег кон островот, соопшти рано утринава Министерството за одбрана на Сеул.
„Северна Кореја лансира речиси 200 гранати во близина на островот Јеонпјеонг“, изјави претставник на Министерството за одбрана на брифингот, а локалните власти во Јеонпјеонг, дом на околу 2.000 луѓе, изјавија за АФП дека цивилите биле замолени да се евакуираат. Локален функционер потврди дека жителите на вториот остров исто така биле замолени да се евакуираат, пренесува АФП.
Јужна Кореја го осуди потегот на гранатирање нарекувајќи го провокативен чин и вети дека ќе одговори. Во 2010 година Северна Кореја лансира десетици истрели на островот Јеонпјеонг, при што загинаа четири лица.
Артилериските гранати лансирани утринава меѓу 9 и 11 часот по локално време не навлегле на територијата на Јужна Кореја бидејќи сите паднале во тампон-зоната меѓу двете земји.
Началникот на Генералштабот на Јужна Кореја рече дека инцидентот не предизвикал никаква штета на народот или војската, но додаде дека чинот „го загрозува мирот на Корејскиот Полуостров и ги зголемува тензиите“.
Островот Јеонпјеонг, каде што има воена база и приближно 2.000 цивили, се наоѓа на три километри од спорната поморска граница во Жолтото Море и на 12 километри од севернокорејскиот брег. Тоа беше сцена на меѓукорејски поморски конфликти во текот на годините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.