Свет
Северна Кореја почна да ја снабдува Русија со артилерија за војната во Украина
Северна Кореја почна да пренесува артилерија во Русија зајакнувајќи ги силите на претседателот Владимир Путин во војната во Украина, изјави неименуван американски функционер за „Си-би-ес њуз“.
Тој не кажа дали трансферот е дел од нов долгорочен синџир на снабдување или ограничена пратка, ниту што добива Северна Кореја за возврат за оружјето.
Ким му рекол на Путин за време на состанокот во Русија минатиот месец дека може да смета на „целосната и безусловна поддршка“ на Северна Кореја за руската „света борба“ во одбрана на нејзините безбедносни интереси, пишува американскиот ТВ-канал.
Висок јужнокорејски функционер изјави дека Сеул е загрижен оти Ким може да побара технологија од Русија за изградба на подморници на нуклеарен погон и понапредни ракети и сателити, покрај соработката за конвенционално оружје.
Официјалниот претставник предупреди дека доколку билатералните врски меѓу Русија и Северна Кореја се продлабочат до тој степен, тоа ќе ја зајакне способноста на Ким да им се заканува не само на блиските азиски сојузници на Америка, Јужна Кореја и Јапонија, туку и на целиот свет.
Од друга страна, како што јави Си-би-ес, САД им ги предале на украинските сили резервите муниција запленети од Иран, соопшти американското Министерство за правда. Резервите иранска муниција пренесена во Украина од страна на САД, во меѓувреме, вклучува повеќе од еден милион куршуми од 7,62 мм, кои се користат во митралези и пушки.
Со дополнителното американско финансирање за Украина, замрзнато засега поради дебатата за буџетот на федералната влада, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден го искористи трансферот на иранска муниција како решение за континуирана поддршка за Киев.
Иран со месеци ја снабдува Русија со беспилотни летала, што наиде на осуда од Украина, САД и другите западни земји затоа што на Москва ѝ дадоа едно од најсмртоносните оружја во војната.
САД и нивните сојузници ги обвинија Иран и Русија за кршење друга резолуција на ОН, со која се забранува трансфер на такво оружје од Иран, без одобрение од Советот за безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Телеграф“: Авионот што вечерва се урна кај Суботица паднал на истото место пред три години
Авионот од типот „Пајпер“ (Piper), кој вечерва околу 17 часот се урна кај аеродромот „Биково“ во Суботица, не паднал за првпат – истото летало, регистрирано како YU-DPV, имало несреќа и пред три години, под речиси исти околности, дознава ексклузивно „Телеграф“.
Вечерва, во леталото беа двајца членови на екипажот. Едно лице загина на лице место, додека другото во тешка состојба е пренесено во болница. Падот се случил за време на приодот кон аеродромот Биково, а причината сè уште не е позната. Полицијата, пожарникарите и Итната помош се на терен и увидот е во тек.
Претходната несреќа се случила на 24 септември 2022 година, исто така кај аеродромот Биково. Тогаш авионот ја изгубил силата на моторот за време на школски лет, па екипажот се обидел со присилно слетување. Авионот бил тешко оштетен, но пилотот и пилот-патникот поминале без потешки повреди.
Тогаш биле утврдени сериозни оштетувања: деформирана шасија за слетување, оштетен труп, елиса и крилја. Деталите од вечерешната несреќа допрва треба да бидат утврдени, а се очекува анализа што ќе покаже дали постои каква било поврзаност со претходната историја на летелото.
Свет
Авион се урна кај Суботица: Копилот загина, пилотот во болница
Во авионската несреќа во областа помеѓу Суботица и Бико, еден маж загина, а друг е тешко повреден.
Помал авион од типот „Пајпер“ падна на околу два километри од аеродромот Биковац каде што требаше да слета кратко по 17 часот.
Копилотот Золтан С. (30) беше прогласен за мртов веднаш по обидот за реанимација, додека пилотот Карло Ф. (24) беше пренесен во болницата во Суботица.
Според наредбата на обвинителството, властите од Цивилната авијација спроведуваат истрага, јавуваат медиумите.
Свет
(Видео) Специјалните единици на Украина снимија улични судири во Купјанск
Украинските специјални единици објавија видео што прикажува жестоки улични борби во Купјанск, во Харковската област.
За време на извидување, припадници на 8. полк откриле руски војници во една зграда, каде што Русите биле бројчано посилни и утврдени на огнени позиции. Украинците тврдат дека успеале да се повлечат без загуби.
Според единицата, зградата во која се наоѓале руските сили подоцна била целосно уништена со мини TM-72.
Русија оваа недела соопшти дека го презела источниот дел од Купјанск. Градот е стратешки важен поради раскрсницата на клучни сообраќајни правци и железница што ја поврзува Русија со источна и јужна Украина.
Купјанск се наоѓа на реката Оскил, што претставува природна бариера, а контролата врз градот овозможува надзор на правците кон Изјум, Сватове и Донбас.
Градот прво беше заземен од руските сили во февруари 2022 година, а подоцна истата година повторно го презедоа украинските сили.

