Свет
Секретарот за морнарицата поднесе оставка под притисок на шефот на Пентагон
Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, побара оставка од секретарот за морнарицата, Ричард Спенсер, во врска со случајот со припадникот на елитната единица „Морнарички фоки“, обвинет за воени злосторства во Ирак.
Станува збор за случајот со десетарот Едвард Галагер, кој беше обвинет за воени злосторства извршени за време на неговата служба во Ирак 2017 година. Тој беше ослободен од обвинение за убиство, но беше прогласен за виновен затоа што се фотографирал покрај телото на убиениот тинејџер, борец на Исламската држава, и потоа му беше одземен чинот.
Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува и му ги врати чинот и платата. Кога Трамп минатата недела дозна дека морнарицата планира повторно да го преиспита „Случајот Галагер“ за да одлучи дали може да продолжи да ја носи значката која означува припадност во елитна единица командоси, тој повторно интервенира. Пентагон наведува дека Еспер побарал оставка од Спенсер кога дознал дека секретарот приватно им предложил на функционерите на Белата куќа дека доколку администрацијата престане да се меша во „Случајот Галагер“, тој ќе се погрижи командосот да остане во елитната единица, иако Спенсер јавно и во Пентагон се залагал за дисциплинска постапка.
Трамп на „Твитер“ најави дека ќе го номинира американскиот амбасадор во Норвешка, Кент Брајтвајт, за нов секретар на морнарицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.