Регион
Семејна тепачка во Виена – таткото му ги исекол прстите на синот, а тој му го одгризал увото

Семејна расправија во Виена заврши со тешки повреди на сите учесници. Се работи за Австријци со српско потекло.
Портпаролот на виенската полиција Кристофер Верхњак изјави дека 56-годишен маж со нож ја нападнал својата 53-годишна сопруга во заеднички стан во Виена. Во таа прилика ѝ нанел тешки исеченици на вратот. Со тешки повреди се здобил и заедничкиот 24-годишен син, кој се обидел да ѝ помогне на својата мајка.
Како што се наведува, таткото му исекол неколку прсти на синот, кои подоцна му биле сошиени на момчето. Во тепачката младиот човек му го одгризал увото на својот татко, а потоа го испрскал со бибер-спреј. Мајката при тепачката меѓу таткото и синот успеала да побегне и да повика полиција. Сите тројца по потекло од Србија се префрлени во болница.
Увото на таткото повторно било сошиено, по што бил пуштен од болница, но тој е во полиција.
Полицијата има потешкотии да ја утврди причината за семејната расправија, бидејќи учесниците не сакаат да зборуваат, или не можат. Таткото го негирал нападот врз жената, а неговата сопруга и син сè уште не можеле да бидат сослушани.
Против 56-годишникот полицијата изрече забрана за приближување до заедничкиот стан, како и привремена забрана за поседување оружје.
Пријава за нанесување тешки телесни повреди ќе треба да се соочи и неговиот син, но од полицијата посочуваат дека не е невозможно тој да дејствувал во самоодбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.