Европа
Семејството на напаѓачот од Крим: Со него беше многу тешко да се разговара

Семејството на 18-годишниот Владислав Росилјаков, кој е виновен за масакрот во училиштето на Крим, вели дека ништо не укажувало на тоа дека тој е способен за вакво злосторство.
Неговиот татко на сослушувањето во полиција рекол дека со Владислав некогаш било многу тешко да се разговара. Неговите родители од неодамна биле разведени, но весникот „Комерсант“ наведува дека неговиот татко е хендикепиран.
Полициски извори за весникот „Ивестија“ рекол дека таткото на убиецот рекол дека неговиот син практично немал пријатели. Наводно во детството имал еден пријател, но тоа пријателство прекинало. Таткото додал дека синот никогаш не му се пожалил за ништо во врска со училиштето.
Владислав, според неговото семејство, бил опседнат со компјутерски игри во кои има многу пукање и убиства, но дека момчето било добро воспитано и дека никогаш не покажувало агресија.
Неговата баба рекла дека Владислав живеел со неговата мајка и дека биле сиромашни. Тој доаѓал кај баба му за да се истушира бидејќи во куќата каде што живеел немало тоалет. Таа нагласила дека тој воопшто не бил комуникативен. На прашањето дали нејзиниот внук се жалел на нешто, бабата рекла дека не се жалел и дека не се задржувал многу кај неа на гости.
Владислав во нападот во училиштето во градот Кирч на Крим усмрти 21 човек и рани над 40, по што си го одзеде животот. Руските власти се сомневаат дека некој му помогнал да го изведе масакрот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.