Свет
Сестрата на Ким Џонг-ун: Јужнокорејскиот претседател е папагал израснат од САД

Влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го критикува претседателот на Јужна Кореја велејќи дека тој е „папагал израснат од Америка“ откако тој го критикува пробното лансирање ракета извршено од Пјонгјанг.
Северна Кореја има долга историја на употреба на тестирање оружје за зголемување на тензиите и минатата недела ја спроведе првата значајна провокација од инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
САД и Јапонија соопштија дека Северна Кореја истрелала балистички ракети – забранети според резолуцијата на Советот за безбедност на ООН – додека Пјонгјанг инсистира на тоа дека се работи за тактичко оружје.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, кој ги поддржува односите со Пјонгјанг, во петокот одржа претпазлив говор во кој не се осврна конкретно на ракетниот тест.
Акциите што стојат на патот за продолжување на дијалогот меѓу Пјонгјанг и Вашингтон се непожелни, рече тој.
Неговиот говор предизвика осуда од Пјонгјанг, а Ким Џо Јонг, која е клучен советник на нејзиниот брат, го нарече говорот „врв на дрскоста“.
Нарекувајќи го јужнокорејскиот претседател „папагал одгледан од Америка“, таа рече дека ја користи „логиката на американските гангстери“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Венс: Војната во Украина нема да заврши наскоро

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши наскоро, додека американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека Русија и Украина сега се поблиску, но сепак далеку од мировен договор.
„Сега кога секоја страна ги знае мировните услови на другата страна, на Русите и Украинците е да се договорат и да го запрат овој брутален, брутален конфликт“, рече Венс во интервју .
BREAKING: JD Vance says the Russia / Ukraine war isn’t going to end anytime soon.
It’s been 24 hours X 101 already! Now they don’t think it will end anytime soon? pic.twitter.com/U1z092QSS9
— Ed Krassenstein (@EdKrassen) May 1, 2025
„Ова нема да заврши наскоро“, додаде Венс.
„Секако дека Украинците се лути поради инвазијата, но дали ќе продолжат да губат илјадници и илјадници луѓе за неколку километри територија во еден или друг правец?“ рече Ванс.
Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера за истата телевизија изјави дека „наскоро треба да има вистински пробив во врска со војната во Украина или претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе мора да одлучи колку повеќе време ќе посвети на ова прашање“.
„Мислам дека знаеме каде е Украина и знаеме каде е Русија во моментов… Тие се поблиску, но сепак се далеку“, рече Рубио во интервју за програмата Ханити на Фокс њуз.
Свет
Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина.
„Ова е првиот опиплив исход од средбата во Ватикан, што навистина го прави историски“, објави Зеленски, осврнувајќи се на разговорот со американскиот претседател, Доналд Трамп, на маргините на погребот на папата Франциско во саботата.
Договорот наскоро треба да биде ратификуван од украинскиот парламент.
Според договорот, Украина ќе обезбеди вредни природни ресурси за да може Вашингтон да продолжи да го поддржува Киев во одбраната на земјата од руската инвазија.
„Договорот значително се промени за време на подготвителниот процес. Сега станува збор за навистина еднакво партнерство, кое создава можности за значителни инвестиции во Украина и значајна модернизација на украинските индустрии и, што е подеднакво важно, нејзините правни практики“, рече Зеленски во неговото вечерно обраќање.
„Договорот не предвидува задолжување. Тој предвидува формирање фонд за реконструкција кој ќе инвестира во Украина и ќе генерира профит. Тоа значи дека ќе работиме заедно со Америка, врз основа на фер услови, обезбедувајќи Украина и САД, кои ни помагаат во одбраната, да заработат пари во ова партнерство“, рече Зеленски.
Договорот, како што додаде, е клучен и за напорите на Киев да ги поправи односите со Трамп и Белата куќа, кои се влошија откако тој ја презеде функцијата во јануари.
Свет
Експлозија во теретана во Виена, повредени пожарникари

ЕНеколку лица се повредени по експлозија, а потоа и пожар во теретана во Виена.
Се сомнева дека експлозијата се случила во сауната на теретаната.
Набргу по експлозијата избувнал пожар.
На местото на настанот брзо пристигнале пожарникарите и брзата помош. Пожарникарите успеале да влезат во салата, а недолго потоа дошло до експлозија. Притисокот од експлозијата оддалечил двајца пожарникари и тие потоа биле повредени.
Друга екипа на пожарникари успеала навреме да го запре пожарот.