Свет
Сестри од Саудиска Арабија пронајдени мртви во њујоршката река Хадсон
Минатата недела две тела беа извлечени од реката Хадсон во Њујорк, пишува Си-ен-ен. Талата биле обвиткани со леплива лента околу рацете и нозете.
Подоцна беше откриено дека станува збор за две сестри, 22-годишната Ротани Фареи и 16-годишната Талаи Фареи, кои потекнуваат од Саудиска Арабија.
Сестрите привремено живееле во Ферфакс, Вирџинија, а целиот случај на нивната смрт е обвиткан со голема мистерија.
И двете биле државјанки на Саудиска Арабија, а во САД дошле да се школуваат. Од поодамна во САД на школување бил и нивниот брат.
Полицијата објави фотографии од двете сестри, со очекување дека ќе добие повици од лица кои знаат нешто повеќе за нив што може да ѝ помогне на истрагата.
Целата приказна почнала уште во август кога исчезнала една од нив.
„Детективите пополнија многу празнини, но сѐ уште има некои дупки кои попречуваат да се добие целосна слика за тоа што се случувало во изминатите два месеца“, изјави детективката Дермот Шеа за новинарите.
Во врска со настанот се огласи и саудискиот конзулат. Оттаму рекле дека се во постојан контакт со семејството. Сестрите, како што е објавено, исто така побарале и азил во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа
Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на Газа, објави израелското воено радио.
Според извештајот, евакуациите сега се концентрирани во неколку периферни квартови на Рафа, од кои се вели дека евакуираните лица се насочуваат кон градовите со шатори во блиските Кан Јунис и Ал Муваси.
Меѓутоа, во она што се чини дека е почеток на евакуација на цивили пред копнен напад, израелската армија ги повика Палестинците во источните делови на Рафах да се преселат во блиската „хуманитарна област“.
По седуммесечната офанзива против Хамас, Израел соопшти дека во Рафа се засолниле илјадници борци од палестинската исламистичка група и дека победата е невозможна без заземање на градот.
Со оглед на тоа што повеќе од еден милион раселени Палестинци се засолнети во Рафа, изгледите за операција со многу жртви ги загрижуваат западните сили и соседниот Египет.
Свет
Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун
За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано да дадат заклетва за лојалност оваа година на неговиот роденден, соопшти јужнокорејскиот Институт за развој на југ и север (SAND) со седиште во Сеул.
Во петокот, институтот објави фотографии од текстот на заклетвата во папката, за која се верува дека е направена на 40-тиот роденден на Ким, 8 јануари, пренесува Ројтерс.
Северна Кореја никогаш официјално не го потврдила датумот на раѓање на Ким, а традиционално ваквите церемонии за заклетва се одржуваат на родендените на неговиот татко и дедо, претходни севернокорејски лидери.
Свет
Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар
Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви откако нивните тела ги идентификувале нивните родители.
Јавниот обвинител Елена Андраде им кажа на родителите и дипломатските службеници дека мексиканските власти целосно ќе се посветат на истрагата за да ги изведат одговорните за злосторството пред лицето на правдата, пренесува Ројтерс.
Телата на браќата Калум (33) и Џејк (30) Робинсон од Австралија и американецот Картер Роуд (30) беа пронајдени на дното на бунар во мексиканската држава Долна Калифорнија минатата недела, по повеќедневна потрага.