Свет
Сеул го повикува Пјонгјанг да ги зачува каналите за комуникација
Јужна Кореја ја повикува Северна Кореја да ги зачува постојните линии на комуникација меѓу двете земји, изјави портпаролот на јужнокорејското Министерство за обединување.
„Овие телефонски линии помеѓу југот и северот се главниот инструмент за одржување комуникации, тие мора да бидат зачувани во согласност со постојните договори“, потенцира јужнокорејскиот претставник, пренесува ТАСС.
Тој исто така истакна дека Сеул сака во иднина да се придржува до сите меѓукорејски договори и да вложи напори да постигне мир и просперитет на целиот Корејски Полуостров.
Северна Кореја претходно објави дека ќе ги пресече сите линии на комуникација со Јужна Кореја почнувајќи од денеска, а како причина за таквата одлука изјави дека Јужна Кореја испраќа летоци на север.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Телото на последната жртва од поплавите пронајдено во Јабланица, уште едно лице се бара во Коњиќ
Спасувачките екипи во соработка со полицијата и другите надлежни служби го пронашле телото на последниот загинат во поплавите во Доња Јабланица, потврдија за порталот „Аваз“ од полицијата.
Телото е пронајдено во близина на браната на ХЕ Грабовица, со што вкупниот број на жртви од оваа катастрофа во Јабланица се искачи на 19, додека во Коњиќ досега се потврдени четири смртни случаи. Потрагата по уште едно исчезнато лице од Коњиќ се уште трае, јавува „Аваз“.
Поради големи поплави и одрони, сообраќајот на автопатот Коњиќ – Јабланица – Комадиново Врело беше во прекин претходните седум дена. Одроните предизвикаа голема штета, одземајќи делови од коловозот и железничките пруги, но интервентната санација овозможи да минат спасувачките екипи и итните служби.
Свет
ЕУ ќе инвестира во воено-индустрискиот комплекс во Украина
Европската унија го менува пристапот кон воената помош за Украина и преминува на инвестиции во воено-индустрискиот комплекс на земјата, кој ќе произведува ракети, беспилотни летала и друго оружје со долг дострел.
Посветеноста на ЕУ од 440 милиони долари за поддршка на украинската одбранбена индустрија „означува значителна промена“ во пристапот на блокот кон војната и исто така ги открива слабостите на нејзиниот одбранбен сектор во производството на оружје и муниција додека Европејците се борат да бидат во чекор со побарувачката, објави украинската новинска агенција Униан, цитирајќи го Вашингтон пост.
ЕУ не може да го произведе целото оружје и муниција што им е потребно на Вооружените сили на Украина, поради што се префрла на инвестиции во украинскиот воено-индустриски комплекс.
Регион
За само еден ден 11 земјотреси го погодија Врање
Од вчера до денес Врање го погодиле дури 11 земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, покажуваат податоците на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.
Најсилниот земјотрес се случи кај Врање во селото Корбевац со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес е забележан во неделата (13 октомври) во 04:28 часот, а епицентарот бил во селата околу Врањска Бања.
Додека последниот земјотрес беше регистриран рано утринава околу шест часот по локално време, магнитудата беше 2,3 степени според Рихтеровата скала.