Европа
Шпанија влегува во трипати подлабока рецесија отколку во 2009 година
Шпанската економија може годинава да падне помалку отколку што се стравуваше првично, но сепак ќе влезе во рецесија ,која ќе биде речиси трипати подлабока од рекордната забележана во 2009 година во екот на глобалната финансиска криза, објави Централната банка на Шпанија.
Според сценариото на Централната банка, домашниот бруто-производ на Шпанија се очекува да падне помеѓу 9 и 11,6 проценти оваа година бидејќи пандемијата на коронавирусот ја погоди оваа земја зависна од туризмот повеќе од другите земји во Европа.
Во претходното сценарио Банката на Шпанија предвиде пад во опсегот од 9,5 до 12,4 проценти. Економијата на земјата падна 3,7 проценти за време на глобалната финансиска криза во 2009 година.
Негативниот ефект на мерките за ограничено движење, кои беа воведени кон средината на март, во голема мера ќе влијае на растот во вториот квартал, во кој падот веројатно ќе достигне од 16 до 21,8 проценти, соопшти Централната банка.
Падот од 5,2 проценти забележан во првото тримесечје е веќе најлошиот од 1970 година од кога датира серијата на овие статистики и е двојно поголем од најлошиот квартал од 2009 година.
Централната банка на Шпанија очекува економското закрепнување да почне во втората половина на оваа година, при што БДП, најверојатно, ќе порасне од 7,7 до 9,1 проценти во 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.