Европа
СЗО: Војната во Украина може да ја влоши ситуацијата со коронавирусот
Светската здравствена организација соопшти дека војната во Украина може да ја влоши ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 и дека работи на мерки за спречување на понатамошното ширење инфекции.
Во Украина и соседните земји бројот на нови случаи е намален во споредба со минатата недела, но експертите предупредуваат дека ниската стапка на вакцинација може да доведе до зголемување на смртните случаи и сериозни болести и во Украина и во земјите со ниска вакцинација, кои примиле поголем број бегалци.
Според Our World In Data, 34 % од населението на Украина е вакцинирано, а околу 29 % во соседна Молдавија. СЗО наведува дека во периодот од 3 до 9 март во Украина и околните земји се регистрирани 791.021 нов случај на инфекција со Ковид-19 и 8.012 нови смртни случаи, пишува Си-ен-ен.
„За жал, овој вирус ја користи секоја можност да продолжи да се шири. СЗО разбира дека многу земји се во разни ситуации, тие се соочуваат со разни предизвици. Кризата во Украина доведе до многу миграции, многу бегалци“, рече Марија ван Керхове од СЗО.
Мајк Рајан, извршен директор на Здравствената програма за итни случаи на СЗО, изјави дека без сомнение ќе има зголемување на случаите на Ковид-19 во Украина поради намаленото тестирање, прекинот на кампањата за вакцинација, но и поради стресот предизвикан од војната.
Но, тој додаде дека светот не треба да биде оптоварен со стереотипи за бегалците и болестите.
„Да бидеме многу внимателни со нашата реторика бидејќи секогаш постои приказна дека луѓето што бегаат од ужасите на војната носат со себе дополнителни проблеми. Во Европа веќе има доволно случаи на зараза, бегалците од Украина нема да придонесат многу за таа бројка“, рече Рајан.
„Хуманитарните организации и здравствените работници мора да бидат способни да обезбедат основни здравствени услуги, вклучително и имунизација против Ковид-19 и детска парализа, и да снабдуваат лекови за цивилите во Украина, но и за бегалците што преминуваат во соседните земји. Здравствените услуги треба да бидат достапни на граничните премини“, се вели во соопштението на СЗО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Москва со беспилотни летала
Руската престолнина синоќа повторно беше цел на беспилотни летала, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Ова е втор голем напад со беспилотни летала за помалку од една недела по големиот напад на 10 декември, објави „Киев индепендент“.
Русите: Соборивме најмалку 18
Според Собјанин, руската воздушна одбрана собори најмалку 18 беспилотни летала што се движеа кон Москва. Тој рече дека нема извештаи за жртви или штети и дека службите за итни случаи ги расчистуваат остатоците од соборените беспилотни летала.
Taking the war to russian’s front door in Moscow tonight:
🔥Drones are attacking Moscow: explosions are heard and smoke is rising. Muscovites are panicking. Cope is real. pic.twitter.com/45Ca3Wym77
— Beefeater (@Beefeater_Fella) December 14, 2025
Руското Министерство за одбрана подоцна објави подетаљни податоци тврдејќи дека вкупно 130 беспилотни летала биле пресретнати во Русија преку ноќ. Од нив, велат тие, 25 биле соборени над Московскиот Регион.
Експлозии и прекини во сообраќајот
Жителите на истринскиот округ, 40-ина километри западно од Москва, пријавија повеќе од десетина гласни експлозии, објави рускиот телеграм-канал „Шот“. Експлозии се слушнале и во Кашира и во Коломна, јужно од главниот град.
Нападите доведоа и до привремени ограничувања на воздушниот сообраќај на московските аеродроми „Жуковски“ и „Домодедово“. Претходните напади исто така ги прекинаа воздушните операции приземјувајќи и одложувајќи стотици летови.
Европа
Евростат објави колку бегалци од Украина примила секоја земја од ЕУ
Евростат објави детаљни податоци за тоа колку граѓани, кои не се од ЕУ, а избегале од Украина, моментно имаат статус на привремена заштита во Европската Унија.
На 31 октомври оваа година вкупно 4,3 милиони такви лица имале статус на привремена заштита. Во споредба со крајот на септември оваа година, вкупниот број на лица од Украина под привремена заштита се намалил за 6.170 (-0,1 %).
Земјите членки на ЕУ, кои примиле најголем број корисници на привремена заштита од Украина, биле Германија (1.229.960 лица; 28,6 % од вкупниот број во ЕУ), Полска (965.005; 22,5 %) и Чешка (393.005; 9,1 %).
Список на земји според примени бегалци од Украина:
- Германија – 1.229.960
- Полска – 965.005
- Чешка – 393.005
- Шпанија – 250.135
- Романија – 197.675
- Словачка – 137.600
- Холандија – 132.200
- Ирска – 117.805
- Белгија – 93.520
- Австрија – 90.340
- Норвешка – 82.590
- Финска – 77.335
- Бугарија – 75.255
- Швајцарија – 70.950
- Италија – 56.940
- Франција – 54.005
- Литванија – 50.600
- Шведска – 48.315
- Данска – 45.230
- Унгарија – 42.430
- Грција – 37.685
- Естонија – 34.965
- Латвија – 31.280
- Хрватска – 28.070
- Кипар – 24.755
- Словенија – 10.950
- Малта – 2.445
- Лихтенштајн – 845
Европа
(Видео) Експлозии во Белгород; Русите: Бевме нападнати со ракети, штетата е значителна
Украинскиот ракетен напад врз рускиот град Белгород предизвика „сериозна штета“ на локалната инфраструктура, изјави доцна синоќа гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.
„Како резултат на нападот, е предизвикана сериозна штета на инженерската инфраструктура. Службите за итни случаи и оперативните служби работат на отстранување на последиците“, напиша Гладков на социјалните мрежи.
Night-time strikes were reported in Belgorod, Russia. Russian channels say the Luch thermal power plant was hit in a missile attack. Unconfirmed reports suggest HIMARS was used – something seen relatively rarely. pic.twitter.com/m6FVEx261w
— WarTranslated (@wartranslated) December 14, 2025
Гладков објави заматена фотографија од местото на нападот, но не прецизираше кои цели биле погодени. Локалните канали на Телеграм објавија експлозии во термоцентралата Луч во градот, клучна енергетска инфраструктура во Белгород, која во минатото беше цел на украински напади, предизвикувајќи големи прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Белгород е честа цел на украински напади
Термоцентралата Луч е гасно-турбинска електрана која произведува топлина и електрична енергија и обезбедува околу 10 проценти од греењето на градот.
❗️According to local reports, a missile strike hit the "Luch" substation in 🇷🇺Belgorod. The city is experiencing power outages. pic.twitter.com/PRq6at8B6T
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) December 14, 2025
Според Гладков, некои куќи и станбени згради во областа беа исто така оштетени во вчерашниот напад. Засега нема извештаи за жртви. Жителите на Белгород, исто така, пријавија прекини во снабдувањето со електрична енергија по нападот.
Сместен на границата со Харковската област, Белгород е честа цел на украински напади. Украина претходно ја таргетираше енергетската инфраструктура во регионот користејќи HIMARS и повеќекратни ракетни системи (MLRS) како одговор на руските напади врз енергетската мрежа на Украина, што сè повеќе го нарушува секојдневниот живот на жителите на Белгород.

