Европа
СЗО: Зголемен бројот на заболени од сипаници во светот

Бројот на случаи на сипаници е во пораст во светот, се вели во извештајот на Светската здравствена организација објавен во Женева.
Бројот на пријавени случаи на морбили во првите два месеца од 2022 година е 79 отсто поголем отколку во истиот период минатата година, се вели во извештајот.
Причината за зголемувањето е што премалку деца се вакцинираат, делумно затоа што кампањите за вакцинација беа суспендирани за време на пандемијата на Ковид-19, а делумно затоа што земјите беа принудени да пренаменат пари за други проблеми, соопшти СЗО.
Конфликтите и војните во Украина, Етиопија, Сомалија и во Авганистан принудија милиони луѓе да ги напуштат своите домови. На децата им е забрането да се вакцинираат и често се принудени да живеат во пренаселени сместувања. Појавата на големи епидемии на оваа крајно заразна болест претставува опасност, особено по укинувањето на мерките за социјално дистанцирање воведени поради пандемијата.
Малите сипаници се пренесуваат со капки при зборување, кивање или кашлање. Инфекцијата почнува со симптоми слични на грип, проследено со исип на кожата и може да доведе до пневмонија, воспаление на средното уво или дури и до воспаление на мозокот.
Болеста може да биде смртоносна и може да го ослаби имунолошкиот систем, така што заразените стануваат поподложни на други болести. Во 2020 година 23 милиони деца не ги примиле препорачаните вакцини, што е повеќе од која било година од 2009 година, информираат надлежните.
Во јануари и февруари 2022 година биле пријавени 17.338 случаи на мали сипаници. Помеѓу април 2021 година и април 2022 година регистрирани се вкупно 21 голема епидемија на сипаници, повеќето од нив во Африка и источен Медитеран, се вели во извештајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин