Свет
СЗО: Пандемијата е во преодна фаза
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека коронавирусот продолжува да претставува извонредна меѓународна јавно-здравствена криза, што е највисоката форма на предупредување на агенцијата.
Пандемијата е веројатно на преодна точка, која сè уште бара внимателно управување за „да се ублажат потенцијалните негативни последици“, се вели во изјавата на СЗО.
Поминаа три години откако агенцијата на Обединетите нации го прогласи Ковид-19 за глобална здравствена закана. Повеќе од 6,8 милиони луѓе починаа во пандемијата во сите делови на светот, а болеста имаше негативно влијание врз светската економија и функционирањето на општествата.
Ситуацијата се менува во 2020 година со доаѓањето на вакцините и терапиите, пишува „Ројтерс“. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, изрази надеж дека вонредната состојба ќе биде укината оваа година, особено ако пристапот до мерките против инфекција се подобри на глобално ниво.
Советниците на експертскиот комитет на СЗО за статусот на пандемијата во декември минатата година рекоа дека веројатно не е време да се прогласи нејзиниот крај поради неизвесноста за бранот на инфекции во Кина, која ги укина строгите мерки за нулта Ковид кон крајот на 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

