Свет
СЗО: Потребни се нови вакцини, повторување на бустер-дозата не е добра стратегија против омикронот
Експертите од Светската здравствена организација предупредија дека повторното давање дополнителни дози на оригиналните вакцини против Ковид-19 не е добра стратегија против новите соеви и повикаа на нови вакцини кои подобро штитат од пренос на вирусот.
Стратегијата за вакцинација заснована на повторени дополнителни дози веројатно нема да биде соодветна или одржлива, се вели во соопштението објавено од Техничката советодавна група на СЗО за составот на вакцината против Ковид-19.
Потребни се и треба да се развијат вакцини против Ковид-19 кои имаат големо влијание за спречување инфекција и пренесување, покрај превенцијата од тешки болести и смртни случаи, соопштија од советничката група.
Ова, наводно, ќе помогне да се намали преносот во заедницата и потребата од ригорозни и сеопфатни јавно-здравствени и социјални мерки.
Експертите, исто така, сугерираа дека производителите на вакцини треба да се стремат да создадат вакцини кои треба да предизвикаат имунолошки реакции кои се широки, силни и долготрајни за да се намали потребата за последователни дози.
Како што се развива вирусот и додека не станат достапни нови вакцини, можеби ќе биде неопходно да се ажурира составот на сегашните вакцини против Ковид-19, велат од групата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Договорот меѓу Израел и Хамас повторно го привлече вниманието кон децата заложници Кфир и Ариел Бибас
За првиот роденден на Кфир Бибас минатата година, поддржувачите ширум светот се собраа со надеж дека тој ќе се врати дома од заробеништво во Газа. Сега, кога Кфир наполни две години, таа надеж може да стане реалност.
Семејството Бибас е едно од најпознатите меѓу заложниците во Газа. Ариел, кој имал четири години во моментот на киднапирањето, и неговиот помлад брат Кфир се единствените преостанати деца во заробеништво, а беа киднапирани во ланскиот напад на Хамас кога загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили.
Набргу по киднапирањето, Хамас тврдеше дека децата биле убиени заедно со нивната мајка. Израелските власти тврдењето го нарекоа „злобно“ и покренаа истрага, но до денес не е потврдено дека биле убиени. Израелските одбранбени сили (ИДФ) подоцна соопштија дека немаат сигурни информации за нивната моментална состојба, пишува „Тајмс оф Израел“.
Израел објви список од 33 заложници кои треба да бидат ослободени
Сега, со новиот договор за прекин на огнот постигнат меѓу Израел и Хамас, семејството Бибас е на списокот на оние што треба да бидат ослободени.
Од браќата Бибас немало никаков знак на живот од денот на нивното киднапирање. Нивната мајка Шири стана едно од лицата на трагедијата кога снимката на која е киднапирана, додека ги носи децата во раце, стана вирална. Нејзината очигледна паника, црвената коса на малото дете и возраста на Кфир ги направија препознатлив симбол на страдањето – Кфир е најмладиот израелски заложник во рацете на Хамас.
Каде е семејството Бибас?
Хамас во ноември 2023 година тврдеше дека се убиени, а потоа објави видео на кое се гледа нивниот татко Џарден, кој бил киднапиран одвоено, а терористите му кажале дека неговата сопруга и децата се мртви. Во февруари 2024 година, ИДФ најде дополнителни снимки од безбедносните камери од Кан Јунис, на кои се гледа како Шири, Кфир и Ариел се одземени.
Нивното семејство, како и семејствата на другите заложници, неуморно се бори за нивно враќање, организирајќи јавни демонстрации и вршејќи притисок врз властите. Таткото на Џарден, Ели Бибас, зборуваше на митинг за поддршка во Тел Авив, велејќи: „Кошмарот во кој живеевме изминатава година мора да заврши“.
Во средата, кога стана јасно дека на повидок е договор, семејството објави соопштение во кое ја замоли јавноста да се воздржи од шпекулации.
„Стекнавме доволно искуство и разочарување, а за нас приказната не е завршена додека нашите најблиски не ја поминат границата“, стои во соопштението.
Според условите на договорот, 33 жени, постари и болни заложници – и доколку се вклучат браќата Бибас, децата – ќе бидат ослободени во почетна фаза од 42 дена. Израелските власти посочија дека повеќето, но не сите, од заложниците се живи.
Доколку дојде до прекин на огнот, Израел и Хамас ќе продолжат со преговорите за преостанатите 65 заложници, вклучително и млади мажи, од кои некои се се уште живи.
Свет
🔴 Почна примирјето во Газа
Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доаѓа нова вест – договорениот прекин на огнот штотуку стапи во сила.
Договорот ќе се одвива во три фази.
Во првата фаза од договорот за прекин на огнот, 33 заложници треба да бидат ослободени во текот на шест недели во замена за стотици Палестинци затворени од Израел. Останатите ќе бидат пуштени во втората фаза. Меѓу 98-те заложници – од кои некои се верува дека се мртви – има и четири лица кои беа земени како заложници во 2014 и 2015 година.
Иако утрово примирјето требаше да почне, истото се одложи бидејќи Хамас навремено не ја достави листата на заложниците што треба да ги ослободи во текот на денот, како што е превидено.
Свет
Израел објави фотографија од 33 заложници што Хамас треба да ги ослободи
Израел на официјалната страна на „Икс“ објави фотографија од 33. заложници што Хамас етапно треба да ги ослободи во следните недели, во согласност со Договорот за прекин на огнот.
Иако утрово примирјето требаше да почне, истото се одложи бидејќи Хамас навремено не ја достави листата на заложниците што треба да ги ослободи во текот на денот, како што е превидено.
❤️🎗️
We are waiting for each and every one of you. pic.twitter.com/hys5TbvqU8
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025