Свет
СЗО свика итен состанок
Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација се состанува денескa, две недели пред редовниот состанок, за да разговара за прашањето за новите видови коронавирус.
Комитетот вообичаено се состанува на секои три месеци, но овој пат генералниот директор на организацијата ги свика членовите две недели порано за да разговараат за теми за кои е потребна итна дискусија.
„Се работи за нови видови вирус, употребата на сертификати за вакцинација и тестови за меѓународни патници“, се вели во соопштението на СЗО објавено синоќа во Женева.
Комитетот на експерти, предводен од Французинот Дидие Хусеин, ќе се состане денеска, а препораките на организацијата до земјите членки ќе бидат објавени по состанокот, се наведува во соопштението.
На својот втор состанок на 30 јануари 2020 година комитетот го советуваше генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејезус да прогласи вонредна здравствена состојба од меѓународно значење, највисоко ниво на тревога кога станува збор за епидемии, што тој и го направи.
Британските и јужноафриканските видови на коронавирус се проширија во десетици земји погодени од нов бран инфекции што дури и полицискиот час и кампањите за вакцинација не успеаја да ги запрат.
Според СЗО, новиот вид вирус првпат снимен во Велика Британија досега е пронајден во 50 земји и територии, а видот од Јужна Африка е регистриран во 20 земји, но организацијата смета дека оваа проценка е веројатно пониска од реалната.
Овие видови можат да се идентификуваат само со низата на нивниот генетски код, анализа која не е можна насекаде.
Третата мутација, која потекнува од бразилскиот Амазон и ја откри Јапонија во неделата, во моментов се анализира и може да влијае на имунолошкиот одговор, наведува СЗО во својот неделен извештај, нарекувајќи го „загрижувачки вид“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Европа апсолутно ги поддржува дејствијата на Америка и Израел во Иран
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во разговор со новинарите изјави дека Европа „апсолутно ги поддржува дејствијата на САД во Иран“, нагласувајќи дека Иран е закана за Европа, за Израел и за другите земји во регионот.
На прашањето дали одлуката на британскиот премиер Кир Стармер да им дозволи на САД да ги користат британските бази за напади врз Иран дошла предоцна, Руте одговори дека пред официјалното одобрување од Велика Британија, морало да се решат „правните аспекти на прашањето“, пренесува Би-Би-Си.
Тој потврди дека пред интервенцијата на САД во Иран, имал бројни разговори со американски претставници и додаде дека официјален Вашингтон и НАТО воспоставиле „тесна координација“.
На прашањето од британската јавна служба дали силите на НАТО ќе бидат вклучени во операциите во Иран, Руте одговори негативно и додаде дека „очигледно ова е кампања предводена од Американците и Израелците“, пренесува Танјуг.
Свет
Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за долготрајна војна
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Ларијани, изјави дека Иран е подготвен за долготрајна војна и дека иранските вооружени сили не учествувале во напади освен во самоодбрана.
Во објава на платформата „Икс“, Ларијани порача дека Иран не го започнал овој конфликт и дека ќе се брани без оглед на цената.
Тој претходно порача дека Иран нема да преговара со САД. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новото иранско раководство сака разговори и дека тој е подготвен за тоа.
Фото: Depositphotos
Свет
Кина го поддржа Иран во одбрана од нападите, повика на итен прекин на воените операции
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи изјави дека Пекинг го поддржува Техеран во одбрана на неговиот суверенитет и територијален интегритет во услови на американско-израелски напади, пренесе АФП.
Според кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Ванг порача дека Кина го поддржува Иран во заштита на неговите „легитимни права и интереси“.
Во разговори со министрите за надворешни работи на Оман и Франција, Ванг ги повика САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции и да се избегне понатамошна ескалација. Тој ги обвини Вашингтон и Тел Авив за „намерно поттикнување војна“ и оцени дека со тоа се прекршуваат принципите на Повелбата на ОН.
Кина, како што наведе, е подготвена да одигра конструктивна улога преку Советот за безбедност на ОН, а иранското нуклеарно прашање, според него, треба да се врати на патот на политичко и дипломатско решение.
Фото: Depositphotos

