Свет
Силен ветер преврте брод на пристаниште во Шкотска, има повредени

Неколку луѓе се повредени кога голем брод се преврте во пристаниште во Единбург. Во тек е голема спасувачка операција. На местото на настанот има полиција, противпожарна и брза помош.
Шкотската служба за брза помош испратила пет возила на брза помош, авионска брза помош, три тима за траума и други ресурси. Пожарникарите и полицијата излегле на местото на настанот по повик во 8.35 часот.
Засега се претпоставува дека има и жртви, пишува „Скај њуз“.
@JodeHarrisonHT pic.twitter.com/aM9FvrMMM1
— Tomahawk⭐️⭐️ (@Tomafc83) March 22, 2023
Фотографиите што кружат на социјалните мрежи го покажуваат „Петрел“, истражувачки брод, наведнат под агол од 45 степени. „Петрел“ беше купен и опремен од починатиот коосновач на „Мајкрософт“, Пол Ален.
Emergency services are responding to a major incident at Leith docks- a ship has been dislodged from its holding in strong winds.
Terrifying for those on board, my thoughts are with those who’ve been injured & hope everyone recovers quickly.
Please avoid area. pic.twitter.com/aREtG80Gq1— Cllr Adam McVey (@adamrmcvey) March 22, 2023
Советникот на Леит, Адам Меквеј, изјави дека чамецот се превртел поради силните ветрови.
„Службите за итни случаи реагираат на големиот инцидент – брод е превртен од неговото место од силни ветришта. Страшно за оние што се на бродот, моите мисли се со повредените и се надевам дека сите ќе закрепнат бргу. Ве молиме, избегнувајте ја областа“, напиша тој на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.