Свет
Силен земјотрес го потресе Иран
Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтер го погоди Иран. Епицентарот на земјотресот е на околу 125 километри западно од пристаништето Бандар Абас, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за повредени и за штета.
Земјотрес со интензитет од 6,6 што се случи во 2003 година во Иран го урна историскиот град Бам и во него настрадаа 26.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Порошенко го повика светот да се разбуди: Третата светска војна започна
Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека иако украинските партнери стравуваат дека војната против неговата земја може да прерасне во трета светска војна, тие треба да се разбудат, бидејќи, како што наведе, третата светска војна веќе се случува.
„Имаме севернокорејски војници на територијата на Украина. Имаме беспилотни летала од Иран кои удираат непосредно пред мојата куќа. Имаме севернокорејски ракети кои ја напаѓаат енергетската инфраструктура во Киев и артилериски гранати доставени до Русија од Северна Кореја и Иран“, рече тој во интервју за „Тајмс оф Малта“.
Предупредувајќи дека севернокорејските војници се испраќаат во Украина за да стекнат борбено искуство, поранешниот претседател рече дека војниците ќе се користат во Југоисточна Азија за „уцена на светот“.
Укажувајќи дека, заедно со Иран, таа земја испорачува повеќе артилериски гранати, ракети и беспилотни летала отколку сите земји-членки на НАТО заедно со Украина, Порошенко предупреди дека тоа е главната опасност со која се соочува неговата земја и повика на акција, пренесува Танјуг.
„Потребен ни е ефикасен механизам за да ги направиме ефективни санкциите и да ги спречиме Иран и Северна Кореја да го испорачаат ова оружје. Ова би ја доближило победата, а Русија да биде многу послаба“, истакна Порошенко. Поранешниот украински претседател оцени дека лансирањето на руската балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ во Украина е порака до Западот“.
„Украина не се плаши од Владимир Путин, рускиот претседател сака да ги исплаши нашите партнери на Запад“, што му е неопходно за да ги постигне своите цели. Напротив, отсуството на страв ни дава можност да победиме. Путин не се бори само против Украина, тој се бори против Полска, против балтичките земји и мисли дека може да се бори против Германија, затоа што мисли дека Дрезден, каде што служел како офицер на КГБ, е и руска зона на интерес“, рече Порошенко, кој беше петти претседател на Украина од 2014 до 2019 година.
Истакнувајќи дека иако победата на Украина „не значи убиство на Путин или ставање на украинското знаме на Кремљ“, Порошенко рече дека целта на неговата земја е да ја спречи Русија да ја продолжи војната и дека употребата на балистичката ракета од Путин покажува дека тој е вознемирен.
„Зошто Путин имаше таква нервозна реакција? Затоа што уништивме два големи складишта на руски ракети со една ракета“, рече тој, мислејќи на првата употреба на оружје од британско производство во Украина за напад на цели во Русија. Тој исто така нагласи дека Украина никогаш нема да ја признае или прифати окупацијата на нејзината територија и дека нема компромис по ова прашање.
Наведувајќи пет услови за мир, Порошенко рече дека нема да има компромис за украинскиот суверенитет и независност, нагласувајќи дека Украина никогаш нема да биде колонија на Русија и дека сака да влезе во ЕУ и НАТО. Коментирајќи ја можноста дека американската воена поддршка би можела да престане со неизбежното враќање на Доналд Трамп во Белата куќа, кој постојано тврдеше дека би можел да ја заврши војната во рок од 24 часа, Порошенко потсети дека воената помош била доставена до Украина за време на Трамп од претходниот мандат.
„Сепак, победата во рок од 24 часа е можна со покана на Украина во НАТО. Без таков потег војната нема да биде запрена ниту за 24 години“, предупреди тој.
Како што наведе, Украина и лидерите на НАТО треба да учат од примерот за време на Студената војна, кога Западна Германија беше примена во НАТО, иако Советскиот Сојуз го окупираше истокот на земјата. „Треба да научиме од тоа искуство и да го повториме уште еднаш. Единственото нешто што треба да направи Трамп е да ја покани Украина во НАТО. Ова е многу важен предуслов за запирање на војната. И силен сигнал до Путин дека не може да го уценува слободниот демократски свет“, заклучи Порошенко.
Свет
Брод полн со туристи потона во Египет
Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на Црвеното Море.
„Сан“ пишува дека на бродот имало 31 турист од различни националности и 14 членови на екипажот.
Инцидентот се случил околу 5 часот и 30 минути кога туристите тргнале на нуркање и бродот испратил сигнал пред да се изгуби секаков контакт со него.
#BREAKING 🇪🇬Thirty-one tourists are missing after the boat Sea Story sank near Marsa Alam, an Egyptian Red Sea resort.
The vessel, carrying 31 tourists of various nationalities and 14 crew members, sent a distress signal around 5:30 am during a scuba diving trip. Departing from… pic.twitter.com/mex8RtqvIN
— 凤凰欧洲 PhoenixCNE News (@PhoenixCNE_News) November 25, 2024
Египетската морнарица мобилизираше хеликоптери и поморска единица во потрага по исчезнатите туристи. Спасувачките операции се во тек, а властите се обидуваат да најдат преживеани во водите на Црвеното Море.
Контролниот центар ги алармирал различните власти, вклучително и Центарот за поморско спасување, а тимовите за пребарување и спасување започнале големи спасувачки операции.
Свет
(Видео) Обилни снежни врнежи во Турција, затворени училишта
Поради снежни врнежи и други неповолни временски услови, наставата е прекината во 20 од вкупно 81 провинција во Турција и во одредени области во пет провинции, јавува Си-Ен-Ен Турк.
Училиштата денеска ќе бидат затворени поради снежни врнежи, снежни виулици, мраз и невреме во Самсун, Кајсери, Нигде, Невшехир, Болу, Гумушане, Бајбурти, Јозгат, Токат, Сивас, Кахраманмарас, Ерзинџан, Киршехир, Кастамон, Караман, Малатија и други провинции, пренесува медиумот.
🌈🌎👉On (24.11.2024) Vehicles Are Covered With Snow on the Road Konya – Afyon in Turkey. Un Expected Snow Falling From the History. Everything Has Covered With White Sheet. pic.twitter.com/H2tMmjncgl
— 🦅Global Climate Crises🦅 (@champion777_) November 25, 2024
Поради врнежи од снег и мраз, училиштата ќе бидат затворени во некои делови на уште пет провинции, а раководството на одредени области одлучи утре да ја прекине наставата.
Во провинцијата Малатија, на истокот од земјата, од снежните наноси на патиштата спасени се 787 граѓани, јавува Танјуг.
Во областа Хекимхан спасени се пет овчари кои на планината беа покриени со снег, но еден од нив подоцна почина во болница. Работите на расчистување на патиштата и спасување граѓани продолжуваат.