Свет
Силни апели за мир од Јужна Кореја

Меѓурелигискиот мир беше една од главните теми за време на третата годишнина од WARP (Светската алијанса на религии за мир) Самитот во Сеул. Повеќе од 300 религиски лидери, претставувајќи ги различните верски заедници ширум светот, како што се исламот, христијанството, сикизмот, хиндуизмот и будизмот, дискутираа за реализацијата на мирот помеѓу различните религии.
За време на конференцијата којашто се одржа под закрила на јужнокорејската невладина мировна организација “Небесна култура, светски мир“ (HWPL), лидерите се согласија за соработка и споредба на разните религиски пишувања за да достигнат еден заеднички стандард за постигнување на меѓурелигиски мир. Ваквите споредби минатата година се вршеа и во вкупно 218 WARP канцеларии во 126 земји ширум светот, меѓу кои и на Балканот.
Според религиските лидери, јужнокорејската организација е една од малкуте кои прават огромни напори за да ги соберат овие истакнати личности на едно место и да им овозможи простор за дискусија, со цел глобалната заедница да живее во хармонија и мир.
Според претседателот на организацијата и светски познат мировен актвивист, Ман Хи Ли, религиските лидери „треба да бидат мудри, а не арогантни“. „Темите за кои религиските лидери дискутираат треба да бидат јасно анализирани и проучени, со цел за постигнување на една вистинска алијанса на религиите“, изјави Ман Хи Ли.
Третата интернационална меѓурелигиска конференција им овозможи на религиските лидери исто така да ги споделат и сопствените искуства, со цел да се решат прашањата и проблемите во однос на помирувањето на религиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: На светот му треба Америка сега, исто како што му требаше пред 80 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предизвика САД да обезбедат поголема помош за постигнување прекин на огнот. На социјалната мрежа „Икс“ објави дека неговата земја е веднаш подготвена за целосен прекин на огнот.
Тој го нарекува „30 дена молк“, но нагласува дека прекинот на огнот мора да биде реален. Да нема напади со проектили или беспилотни летала.
Тој додава дека Русите мора да одговорат соодветно и да ја докажат својата подготвеност да ја прекинат војната.
„Триесет дена кои би можеле да станат почеток на години на мир. Прекинот на огнот, траен и сигурен, ќе биде вистински показател за напредокот кон мирот. Америка може да помогне во тоа. На светот му треба Америка сега, исто како што му требаше пред осумдесет години“, напиша тој.
Свет
Силен ветер урна сцена на концерт во Мексико, седум повредени

Сцена на концерт на отворено во Мексико Сити се урна во четврток попладне по локално време, при што беа повредени седум лица, соопштија локалните власти.
Градските власти соопштија дека инцидентот се случил кога силните ветрови урнале метална конструкција што била дел од сцената.
Итните служби им пружиле медицинска помош на повредените на местото на настанот, а две лица се однесени во болница на понатамошно лекување, се вели во соопштението.
Сцената беше поставена за музички настан по повод Денот на мајките.
Европа
(Видео) Преседан во Ватикан: за прв пат објавена снимка од папата веднаш по изборот

Само неколку часа откако кардиналот Роберт Превост вчера беше именуван за нов поглавар на Католичката црква, Ватикан објави видео на кое се гледа како тој ги поздравува 133-те кардинали кои го избраа, објавува „Њујорк пост“.
Pope Leo XIV embraces each of the Cardinal electors just after he accepts his election to become the 267th Pope. pic.twitter.com/0cP28r7mam
— Vatican News (@VaticanNews) May 8, 2025
Папата роден во Чикаго ја изрази својата благодарност во Систинската капела неколку часа откако кардиналите го избраа на вториот ден од конклавата.
Видеото го прикажува папата Лав XIV додека кажува молитва од олтарот на историската римска катедрала, по што се повлекува, а потоа се моли приватно. На крајот, тој е виден како се ракува со кардиналите со насмевка.