Свет
Силно невреме коси градови во САД, најмалку 5 лица загинаа, аеродромите блокирани
Најмалку пет лица загинаа во зимското невреме на истокот на САД, а двајца се тешко повредени.
Предупредувањата за поплави важеа до денеска за делови од американските сојузни држави Њујорк и Њу Џерси, јави Би-би-си. Повеќе од 150.000 дома останаа без струја во средата вечерта, главно во Њујорк и Пенсилванија.
Речиси 700 лета беа откажани, а 4.000 беа одложени. Најпогодени се аеродромите во Њујорк. Официјалните лица предупредија дека некои реки може да се излеат во следните два дена во североисточните делови на САД.
Обилните врнежи доведоа до затворање на патиштата. Во американската сојузна држава Конектикат властите вчера наредија задолжителна евакуација на жителите покрај реката Јантик поради опасност од поплави велејќи дека луѓето би можеле да бидат раселени неколку дена.
Во Анаполис, Мериленд, жителите беа принудени да користат кајак поради рекордно ниво на поплави.
Многу училишни области на источниот брег ја откажаа наставата во вторникот и во средата поради лошото време.
Серија торнада погодија неколку држави во југоисточниот дел на САД во вторникот вклучувајќи ги Флорида, Алабама и Џорџија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos

