Свет
Синдромот на ковид-aнксиозност може да го спречи враќањето во нормален живот
Научниците изразија загриженост дека резидуалната анксиозност поради коронавирусот може да доведе некои луѓе да развијат компулсивни хигиенски навики, што би можеле да ги спречат повторно да се интегрираат во надворешниот свет.
Концептот за синдромот на ковид-анксиозност први го теоретизираа Ана Никчевиќ од Универзитетот „Кингстон“ и Маркантонио Спада од Универзитетот „Саут Банк“ во Лондон кога забележаа дека луѓето развиваат одредени карактеристики како одговор на пандемијата, пишува „Гардијан“.
Овие карактеристики вклучуваат присилно проверување на присуство на симптоми на зараза, избегнување јавни места и опсесивно чистење.
Истражувачите сметаат дека феномени, како што се избегнување какви било закани, страв од користење јавен превоз или повеќечасовно чистење на просторот во кој живеат, нема да се смират толку лесно, дури и кога ковидот ќе биде ставен под контрола.
„Стравот е нормален, особено кога станува збор за вирус кој е толку опасен. Сепак, разликата во однос на развивање психопатолошки одговор е дали ќе прифатите форми на премногу безбедно однесување, што ве заклучуваат во страв“, рече Спада, додавајќи:
„Очекувам дека ќе имаме делови од населението што избегнуваат повторно ангажирање и постојано се грижат за вирусот во наредните месеци, без оглед дали се вакцинирани или не.
Истражувачите користеле свои податоци за известување во јуни 2020 година од речиси 500 учесници во САД и откриле дека синдромот предвидува ниво на генерализирана анксиозност и депресија над и надвор од факторите, како што се особини на личноста и општа здравствена анксиозност.
Истите истражувачи, заедно со Јан Албери, професор по психологија на лондонскиот Универзитет „Саут Банк“, собрале прелиминарни податоци од анкети за 300 возрасни лица во Велика Британија во февруари 2021 година укажувајќи дека синдромот на ковид-анксиозност е и независен предиктор за генерализирана анксиозност и депресија за време на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.