Свет
СИПРИ: 2.000 нуклеарни оружја се на готовност во целиот свет, поголем дел се на САД и Русија
Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм апелира да не се интензивира трката за вооружување меѓу нуклеарните сили. Институтот тврди дека ова може да ја прекине тенденцијата за намалување на нуклеарниот арсенал.
Според експертите, оваа тенденција ја зголемува веројатноста дека некоја земја ќе користи нуклеарно оружје во војна.
„Од крајот на Студената војна светскиот нуклеарен арсенал се намалуваше. Но, се чини дека тој тренд е запрен“, се заклучува во извештајот на СИПРИ.
Главните заклучоци се дека повеќе нуклеарни бојни глави се распоредени во операциите и покрај општото намалување на бројот на бојни глави регистрирани до 2020 година.
„Ова е значаен нов тренд на кој сите земји треба да гледаат како на предупредување: навистина мора да се внимаваме од враќање некаква трка во вооружување меѓу нуклеарните сили“, изјави истражувачот на СИПРИ, Ханс Кристенсен, за шведската национална радио и телевизиска станица СВТ.
Помеѓу 2020 и 2021 година бројот на бојни глави во воените нуклеарни резерви се зголемил за речиси 300. Станува збор за нуклеарно оружје распоредено во оперативни единици и во воени складишта.
Околу 2.000 нуклеарни оружја во моментот се во состојба на готовност во целиот свет, од кои повеќето се руски и американски, според СИПРИ.
Како што се наведува, зголемувањето е извршено главно со распоредување копнени интерконтинентални балистички ракети и подморнички балистички ракети.
Сепак, другите седум држави со нуклеарно оружје исто така развиваат или распоредуваат нови системи за оружје или најавија дека ќе го сторат тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Поплавите во Малезија погодија 11.000 луѓе
Повеќе од 11.000 луѓе во седум малезиски сојузни држави се погодени од поплави предизвикани од обилни дождови, соопшти денес националната агенција за катастрофи.
Поплавите се чести на источниот брег на Малезија за време на сезоната на монсуни, која трае од октомври до март, и тие раселуваат илјадници луѓе секоја година.
Continuous heavy rain since last night has triggered flash floods across several areas in Shah Alam, prompting the Shah Alam City Council (MBSA) to declare immediate road closures and disrupting public transport services.
In an update via social media, MBSA announced that Jalan… pic.twitter.com/BNLM32k1oB
— Malay Mail (@malaymail) November 24, 2025
Националната агенција за катастрофи соопшти дека поплавите раселиле повеќе од 11.000 луѓе, или речиси 4.000 семејства, од седум држави.
Североисточната држава Келантан, која се граничи со Тајланд, е најтешко погодена, со повеќе од 8.000 погодени луѓе. Не се пријавени смртни случаи.
Шеесет привремени засолништа се поставени во погодените држави, соопшти агенцијата.
фото: принтскрин
Свет
Бомбаши самоубијци нападнаа седиште на пакистанската војска
Вооружени напаѓачи денес го нападнаа седиштето на пакистанска воена единица во северозападниот град Пешавар, соопшти полицијата.
Двајца бомбаши самоубијци го нападнаа седиштето на една од вооружените сили на Пакистан, која официјално дејствува заедно со редовната армија и полиција, изјавија извори за Ројтерс, додавајќи дека три лица се убиени.
„Првиот бомбаш самоубиец прво го изврши нападот на главниот влез на станицата, а потоа вториот влезе во комплексот“, изјави неименуван висок функционер за Ројтерс.
„Војските и полициските службеници ја опколија областа и внимателно ја справуваат ситуацијата бидејќи се сомневаме дека некои терористи сè уште се во седиштето“, додаде функционерот.
Седиштето на вооружените сили се наоѓа во густо населена област, во близина на касарната.
„Патот е затворен за сообраќај и е опкружен со армиски, полициски и безбедносни лица“, изјави за Ројтерс Сафдар Кан, жител на областа.
Голем број вооружени единици дејствуваат под надлежност на Министерството за внатрешни работи во Пакистан, кои официјално се нарекуваат федерални паравоени единици, бидејќи не се дел од редовната армија. Некои од нив датираат од колонијалната ера.
Пешавар е дом на федерална паравоена единица која ја следи границата со Авганистан и учествува во воени и полициски операции.
фото: принтскрин
Свет
Трамп вели дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД.
-„Лидерството“ на Украина изрази нулта благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија. САД продолжуваат да продаваат огромни количини оружје на НАТО, за дистрибуција во Украина (измамникот Џо даде сè, бесплатно, вклучително и „големи“ пари), напиша Трамп на платформата „Truth social“.
Тој ја даде изјавата додека високи функционери од САД, Украина и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија разговараат за нацрт-планот на САД за завршување на војната во Украина во Женева.
-Војната меѓу Русија и Украина е насилна и ужасна војна која, со силно и вистинско американско и украинско лидерство, никогаш немаше да се случи. Започна долго пред да го земам мојот втор мандат, за време на администрацијата на заспаниот Џо Бајден, и само се влоши, рече Трамп.
„Доколку претседателските избори во 2020 година не беа наместени и украдени, немаше да има војна меѓу Украина и Русија…Наследив војна што никогаш не требаше да се случи, војна што е губитничка за сите, особено за милионите луѓе што толку непотребно загинаа, заклучи Трамп.

