Европа
Сиромашен Азербејџанец наполнил старо возило со работи што би ѝ биле од помош на Турција
Целиот свет се солидаризира со жртвите од силните земјотреси што ги потресоа Турција и Сирија, а во кои, според последните информации, загинаа повеќе од 17.000 луѓе. Донациите се собираат во многу земји вклучувајќи ги и оние каде што луѓето немаат многу. Меѓу нив е и Азербејџан, пренесуваат медиумите во регионот. Една фотографија од Азербејџанец стана вирална, на која се гледа како тој се упатува кон Турција во старо возило натоварено со многу работи, кои би им биле од помош на настраданите во земјотресот.
Dünya kadar sevgi 🇦🇿♥️🇹🇷
Bakü, 8 Şubat 2023. pic.twitter.com/uPtxlB4RKg— Dr. Ahmet Şairoğlu (Seninleyiz 🇹🇷) (@shahidovcom) February 8, 2023
Сопственикот на возилото, Сервер Беширли, неговиот брат Имамверди Беширли и Аскер Мамедов дадоа изјава за ТВ „Иктимаи“.
„И ние ја доживеавме оваа катастрофа, зимава бевме без покрив над главата. Без облека и обувки. Го знаеме тоа чувство“, изјави Сервер.
Неговиот брат вели дека не се единствените и дека многу Азербејџанци решиле да испратат помош.
„Бевме сведоци и кога дојде една девојка, го соблече капутот, го даде и си замина. Се надеваме дека во наредните денови ќе можеме да однесеме и храна“, рече Имамверди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Семејството се спаси, но не и 17-годишната девојка: заедно бегале од пожарот во турскиот хотел, а потоа таа исчезнала
Најмалку 76 лица загинаа во страотниот пожар што избувна во хотел во Турција среде ноќ, меѓу кои и една тинејџерка (17), чие цело семејство избега.
Стоматологот Мачит Каратасли и неговото семејство биле на одмор во хотел во ски-центар кога избувнал пожарот. Семејството кое беше зафатено во пожар додека спиеше, како и повеќето гости, среде голема паника успеало да побегне од хотелот. Меѓутоа, неговата ќерка Озум (17) не преживеала.
Според медиумите, семејството почнало да бега од пожарот, но во еден момент Озум истрчала во друга насока и исчезнала.
Семејството почнало да ја бара веднаш по несреќата, но за жал дошло до трагично откритие. Нивната ќерка не можела да го напушти хотелот и загинала во пожарот.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја синоќа изјави дека бројот на загинати во хотелот во ски-центарот Карталкаја се искачи на 76, а во врска со пожарот досега се приведени девет лица.
Пожарот што вчера рано наутро избувна на последните катови на хотелот „Гранд Картал“ од засега непозната причина траеше десетина часа, а во гаснењето учествуваа и пожарникари од околните градови, јавува Анадолија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека среда, 22 јануари, е прогласен за ден на национална жалост за жртвите од пожарот.
Европа
12-годишно момче избодено до смрт во Британија, уапсен 14-годишник
Момче (12) починало откако било избодено со нож во Бирмингем, а 14-годишник е уапсен под сомнение за убиство, јавува „Скај Њуз“.
Британската полиција побара од јавноста какви било информации поврзани со смртта на 12-годишното момче, кое беше пронајдено со тешки повреди вчера околу 15 часот во близина на Скриберс Лејн во југоисточниот град Хол Грин.
Момчето било пренесено во болница, но починало од повредите. Семејството на жртвата е известено и е поддржано од специјалисти, велат од полицијата. Истрагата е во тек, а полицијата отвори портал на кој граѓаните доколку знаат нешто можат да ги контактираат.
Европа
Шолц и Макрон се среќаваат по враќањето на Трамп во Белата куќа
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска планира да отпатува во Париз за да се сретне со претседателот Емануел Макрон, два дена по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Францускиот претседател околу пладне се очекува да го прими германскиот канцелар во Елисејската палата.
Покрај идното позиционирање на ЕУ во однос на САД, разговорите најверојатно ќе се фокусираат на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.