Свет
Системот за следење на заразените контакти во Велика Британија бара доработка

Системот за следење на контактите на заразените со коронавирус во Велика Британија, наречен „Тестирај и следи“, мора да биде подобрен бидејќи детектира најмногу 50 проценти од остварените контакти.
За да се спречи смртоносен втор бран на пандемијата, неопходно е системот „Тестирај и следи“ да детектира најмалку 68 проценти од остварените контакти, пренесува лондонски „Мирор“.
Критиките на сметка на системот што го воведе британската влада стигнаа преку писмо од професорот Крис Бонел од Лондонската школа за тропска медицина и хигиена и од Универзитетскиот колеџ во Лондон.
Експертските прогнози предвидуваат дека вториот бран би можел да биде два-три пати поголем од првиот, што би значело воведување нова вонредна состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Стапуваат на сила царините на Трамп за челик и алуминиум

Во сила стапија царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум. Оваа мерка ја зголемува рамната царина за челик и алуминиум што влегуваат во САД на 25% и ги елиминира исклучоците за одредени земји.
Овој потег може да ги ескалира тензиите меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери. Неколку земји, вклучително и Обединетото Кралство и Австралија, неуспешно се обидоа да обезбедат исклучок. Други, вклучително и Канада и Европската унија, најавија дека ќе возвратат.
Трамп се надева дека царините ќе го зголемат производството на челик и алуминиум во САД, но критичарите велат дека тие ќе ги зголемат цените за американските потрошувачи и ќе го загрозат економскиот раст.
Американскиот институт за железо и челик (AISI), група која ги претставува американските производители на челик, ги поздрави царините, нагласувајќи дека тие ќе создадат работни места и ќе го зголемат американското производство на челик. Претседателот на групата, Кевин Демпси, рече дека овој потег го затвора системот на исклучоци, исклучувања и квоти што им овозможи на странските производители да ги избегнат царините.
„AISI ги поздравува активностите на претседателот за враќање на интегритетот на царините за челик и спроведување силна и зајакната програма за справување со нефер трговските практики“, рече Демпси.
САД се главниот увозник на алуминиум и челик, а Канада, Мексико и Бразил се меѓу најголемите добавувачи на метали. Царините значат дека американските компании кои сакаат да внесат метали во земјата ќе мора да платат данок од 25 проценти за нив.
Ова најверојатно ќе доведе до повисоки трошоци за широк опсег на индустрии во САД, вклучително и воздушната, производството на автомобили и градежништвото.
Свет
Трамп се откажа од царините од 50 отсто за канадскиот челик и алуминиум

Американскиот министер за трговија Хауард Лутник потврди дека Белата куќа нема да воведе царина од 50 отсто за канадскиот челик и алуминиум, пренесува „Си-Би-Ес Њуз“.
Претходно и високиот трговски советник на администрацијата, Питер Наваро, им рече на новинарите пред Белата куќа дека промената на одлуката дојде откако премиерот на Онтарио, Даг Форд го повлече планот за воведување дополнителна такса за електрична енергија, што, според мислењето на Наваро, можеше да предизвика проблеми.
„Мислам дека (Даг Форд) сфати дека ова не е борба што вреди да се бори“, рече Наваро, додавајќи дека ги повикал канадските власти да ја ублажат реториката.
Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на денот објави дека Соединетите држави ќе ги удвојат тарифите за челик и алуминиум од Канада на 50 отсто поради одлуката на канадската покраина да воведе давачка од 25 отсто за извозот на електрична енергија во САД. Но, премиерот на Онтарио Даг Форд ја суспендираше таа одлука и најави разговори во Вашингтон.
И покрај повлекувањето на двојниот тарифен план, постојните царини од 25 отсто за канадскиот челик и алуминиум ќе останат на сила и ќе стапат на сила во среда, потврди Лутник.
Свет
(Видео) Трамп си купи „Тесла“: „Не ми е дозволено да ја возам“

Американскиот претседател Доналд Трамп купи автомобил „Тесла“.
Ова може да се заклучи од објавата на социјалната мрежа на Трамп.
Трамп објави видео на кое се гледа како влегува во црвен автомобил Тесла пред Белата куќа.
„Ох, прекрасно е. Леле“, вели Трамп додека влегува во автомобилот.
„Не ми е дозволено да возам затоа што долго време не сум возел автомобил“, рече Трамп.
„Ќе имам (автомобил) во Белата куќа и ќе дозволам персоналот да го користи. Не ми е дозволено да го возам, можеш ли да веруваш? Сакам да возам автомобили, но не ми е дозволено“, рече тој.
При предавањето на автомобилот на Трамп, Маск рече дека „Тесла“ ќе го удвои производството на возила во САД во следните две години, нагласувајќи дека оваа одлука е резултат на „големите политики на претседателот Трамп и неговата администрација“.
Трамп утрово рече дека ќе купи нов автомобил „Тесла“ за да му покаже поддршка на извршниот директор и сојузник на компанијата Илон Маск, поради неодамнешните протести наречени „Теска тејкдаун“ и драстичното опаѓање на цената на акциите на компанијата.