Свет
Сноуден: Не можевте да го спасите Навални, но можете Асанж
Американскиот свиркач Едвард Сноуден му порача на „секој политичар и новинар“ дека, иако не можеле да го спасат рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари, сега може да го спасат основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој се соочува со можна екстрадиција во САД.
„Тие му велат на секој политички лидер и новинар кој држи и пишува говори: „Не можевте да го спасите Навални. Но сè уште можете да го спасите Асанж. Ако молчите сега, кога всушност можете да влијаете на исходот, никогаш не сте застанале во одбрана на принципите, само се надевавте на аплауз“, напиша Сноуден на социјалната мрежа X.
Тој додаде дека „жртвата на „злосторството“ (новинарството) на Асанж е државата, а не личноста“.
„Тоа е дефиниција за политички престап, што договорот за екстрадиција меѓу САД и Велика Британија изречно го забранува“, рече Сноуден, кој е во Русија од 2013 година, каде што доби азил и државјанство откога објави серија тајни документи за американски и британски програми за мониторинг.
Првиот ден од сослушувањето во врска со жалбата на Асанж против одлуката за екстрадиција на САД заврши во вторникот во Високиот суд во Лондон. Адвокатите на основачот на „Викиликс“ изјавија дека се работи за политички мотивиран случај и дека на нивниот клиент му биле прекршени човековите права.
Продолжението на судењето е закажано за денеска кога пред судот ќе се обратат американските адвокати. САД бараат екстрадиција на Асанж за објавување тајни воени досиеја во 2010 и 2011 година, а Врховниот суд на ОК одлучи дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата дека може да изврши самоубиство во американски затвор поради лошо ментално здравје.
Порталот „Викиликс“ на Асанж стана познат во 2010 година кога објави видео од американската армија, во кое десетици луѓе, меѓу кои и двајца новинари на „Ројтерс“, беа убиени во напад на хеликоптери „апачи“ во Багдад во 2007 година.
По тоа, беа објавени илјадници тајни доверливи документи и дипломатски извештаи, во кои САД ги критикуваат светските лидери, од рускиот претседател Владимир Путин до членовите на саудиското кралско семејство.
Во САД, Асанж е обвинет за шпионажа по 17 точки, а доколку биде прогласен за виновен, може да добие и до 175 години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Мапа) Украина мора да се повлече 15 километри на Запад, Бердичи е опколен
Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичи, јавуваат српските медиуми.
На вооружените сили на Украина во Бердичи им се заканува опкружување по неодамнешната загуба на Новобахмутовка и Соловјов, а според некои воени блогери се очекува повлекување до 15 километри на запад.
Ним им се заканува загуба и на Нетајлов, Карловка, Умански, Новокалинов, Керамик, Архангелски…
По падот на Авдијивка во февруари, Украина одржа линија на одбрана во близина на Бердичи. За време на безмилосните борби во претходните два и пол месеци на тој дел од линијата на фронтот, беа изгубени и неколку американски тенкови Абрамс, обидувајќи се да го запрат напредувањето на руските трупи.
Воениот блогер Рибар наведува дека руските војници напредуваат и кај Новокалинов.
– Напаѓачките групи ја пробија одбраната на украинските формации во центарот на селото во правец на Керамик. Моментално се консолидираат позициите во центарот на селото. Имајќи го предвид налетот од Очеретин во правец на Архангелск, не може да се исклучи дека во блиска иднина вооружените сили на Русија ќе можат целосно да го окупираат Керамик – вели Рибар.
Според него, Русите успеале да ги истуркаат противниците од Семјеновка.
– Остатоците од пешадијата на вооружените сили на Украина под оган на артилерија и беспилотни летала се повлекоа од северната периферија на селото на запад кон Новопокровски. Под контрола на вооружените сили на Русија делумно беа и шумските појаси кај Семјоновка. Борбите во моментов се водат на најзападната периферија на Бердици. Малку е веројатно дека непријателот ќе може долго да држи позиции поради неговото повлекување од Семјеновка. Следната линија на напад на Вооружените сили на Русија најверојатно ќе бидат шумските појаси на делницата Новопокровско – Новоселовка Перваја каде што сега украинските формации динамично градат одбрана – вели Рибар.
Украинскиот телеграмски канал DeepState потврди дека руските војници ги зазеле Семјоновка и Соловиев и дека се водат борби за Керамик.
Свет
Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба
Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата.
„Едниот кат е евакуиран. Во тек е проверка и контрола“, се наведува во соопштението и се додава дека евакуацијата не влијаела на функционирањето на аеродромот.
Евакуиран е седмиот кат од зградата на управата на аеродромот.
Неименуван извор изјавил за агенцијата ТАСС дека евакуацијата уследила по закана за бомба.
– Се проверуваат сите простории и канцеларии – изјавил овој извор.
Свет
Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер
Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.
Американската централна команда (CENCOM) преку соопштение на платформата „Х“ соопшти дека е оштетен танкерот со нафта „МВ Андромеда Стар“, како и дека проектил паднал во близина на друг брод „МВ Маиша“, но не го оштетил.
Хутите од ноември минатата година напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со ракети и беспилотни летала како знак на, како што велат, поддршката на палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.