Европа
Сопругот на италијанска европратеничка пронајден мртов во автомобил, таа мисли дека е убиен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/angelo-Onorato.jpg)
Анџело Онорато, сопруг на италијанската европратеничка Франческа Донато, е пронајден мртов во својот автомобил во Палермо, пренесува Corriere della sera.
Истрагата за неговата смрт е во тек, но според италијанските медиуми се поверојатно е дека тој си го одзел животот. Но, неговата сопруга се сомнева дека тој е убиен.
Таа се посомневала дека нешто се случило со нејзиниот сопруг откако тој не одговорил на нејзините повеќекратни повици. Таа на крајот го пронашла неговиот автомобил користејќи ГПС и се јавила на 911.
Тој бил пронајден на возачкото седиште со пластична лента околу вратот. И покрај тоа што првично објавија италијанските медиуми, на неговото тело не се пронајдени прострелни рани. На маицата била пронајдена дамка од крв.
Истражителите не ја исклучуваат можноста дека Онорато требало да се сретне со некого на улицата каде што е пронајдено неговото тело.
Онорато беше архитект и сопственик на продавница во Палермо. Се занимаваше со политика како неговата сопруга, а во 2022 година се кандидираше за регионални избори на листата на демохристијаните, но не беше избран.
Во 2019 година, неговата сопруга беше избрана во Европскиот парламент, каде што се истакна по нејзините евроскептични ставови и противење на вакцинацијата и рестриктивните мерки за време на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
(Видео) Дрон сними ајкула во близина на плажа, капачите веднаш излегле од водата: паника во Шпанија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/ajkula-spanija.jpg)
Ново забележување ајкула доведе до затворање уште две плажи во Шпанија, а предатори се забележани кај брегот на Гран Канарија.
Спасувачите им наредиле на капачите да излезат од водата на плажата Меленара на источниот брег на островот, втор ден по ред, кога полициски дрон забележал ајкула на плажата набргу откога повторно била отворена вчераутро.
Забраната за пливање е проширена и на соседната плажа Салинетас, пишува „Дејли мејл“.
И околу два часа подоцна спасувачите подигнаа црвено знаме на трета локација – плажата Сан Аугустин на југот на островот – откога турист ја фотографира перката на ајкула која излегува од водата.
Веднаш не беше јасно дали големата риба е истата што ги исплаши капачите на плажата Меленара во саботата околу 17 часот и доведе до првото затворање на плажата.
Вчераутро накратко беше отворена за пливање пред второто затворање околу 13 часот кога дронови на локалната полиција забележаа ајкула во близина на пристаништето Талијарте до плажата Меленара.
Локалната полиција потврди по второто, многу појасно видување преку дронот, во истата област вчера околу 17 часот дека се работи за ајкула чекан, истиот вид што предизвика паника во саботата кога се појави во близина на брегот.
Тие можат да бидат долги и до шест метри.
Европа
Русија: Договараме размена на затвореници со Америка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gerskovic-peskov.jpg)
Кремљ денеска соопшти дека се остварени контакти со САД за можна размена на затвореници, во која би бил и Еван Гершкович, известувач на „Волстрит џурнал“, но дека медиумите не треба да добиваат дополнителни детали за нив.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го цитира рускиот претседател Владимир Путин дека рекол на состанокот со уредниците на меѓународните новински агенции претходно овој месец оти Русија и САД биле во контакт за ова прашање.
„Сакам повторно да ве потсетам на разговорот на претседателот со шефовите на новинските агенции во Санкт Петербург, тој потврди дека има такви контакти. Тие продолжуваат, но треба да продолжат во целосна тишина. Затоа, никакви соопштенија, изјави или информации за ова прашање не може да бидат дадени“, рече Песков.
На прашањето зошто судењето на Гершкович за шпионажа се одвива зад затворени врати, Песков рече дека не може да коментира за такви работи бидејќи тоа е судска одлука. „Тоа е одлука на судот. Не можеме да го коментираме тоа“, рече тој.
Гершкович (32) беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ) на 29 март 2023 година во уралскиот град Екатеринбург, 1.400 километри источно од Москва, под обвинение за шпионажа, што носи до 20 години затвор.
Гершкович, првиот американски новинар што беше приведен под обвинение за шпионажа од крајот на Студената војна пред повеќе од три децении, постојано ги негира обвинувањата.
Европа
Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/germanija.jpg)
Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на ЕП, оној против Албанија, полицијата застрела и уби еден маж. Германските полицајци биле принудени на тоа, бидејќи мажот сакал со секира да нападне случајни минувачи во фан-зоната за време на Првенството.
Напаѓачот во Хамбург прво ги нападнал навивачите со секира, а потоа ги нападнал и обезбедувањето.
Полицијата прво употребила солзавец, а потоа пукала. Еден од истрелите на полицаецот бил предупредувачки, а вториот го погодил.
Наспроти првичните вести, нападот очигледно нема никаква врска со Европското фудбалско првенство.
„Местото на нападот е далеку од просторот каде се следат првенствените натпревари. Нема индиции дека напаѓачот има врски со некоја од навивачките групи“, соопштија од полицијата.
Денеска во Хамбург се игра натпреварот помеѓу Полска и Холандија и градот е преполн со навивачи на двата табора.