Свет
Сојузникот на Трамп, Руди Џулијани, во финансиски проблеми: мора да продаде луксузен стан
Станот на Руди Џулијани на Менхетн се продава за 6,5 милиони долари, но според локален агент за луксузни недвижности, неговото име не го рекламира како порано, пишува „Гардијан“.
„Тогаш како градоначалник на Америка, тој ја избра оваа зграда – сите убави работи му беа припишувани затоа што живееше во оваа зграда“, изјави Доли Ленц за „Њујорк тајмс“.
Сега, Ленц се сомнева дека ќе биде сосема поинаку.
Од 1983 до 1989 година Џулијани беше американски обвинител за јужниот округ на Менхетн, познат по војната против организираниот криминал. Од 1994 до 2001 година тој беше градоначалник на Њујорк водејќи го градот низ ужасите на 11 септември. Во 2007 година тој накратко се кандидира во трката за републиканска претседателска номинација.
Но, во 2015 и 2016 година, кога Доналд Трамп влезе во редовите на републиканците, Џулијани стана негов поддржувач, помошник и адвокат. Кога Трамп стана претседател, работата на Џулијани во Украина, барајќи дамки кај политичките ривали, го поттикна првиот од двата обида за импичмент. По изборите во 2020 година, работата на Џулијани да го поништи поразот на Трамп и придонесе за неговите сопствени правни проблеми.
Тој чин сега е предмет на кривична пријава во Грузија за рекет и заговор. Минатата недела, кога Џулијани беше фотографиран во полициски притвор за време на неговото апсење, многумина ја забележаа иронијата, пренеусвтаа регионлните медиуми.
На Менхетн, пентхаусот на Џулијани на East 66th Street, излезе на пазарот во јули. Истиот месец, на судското рочиште, во кое учествуваше „Смартматик“, компанијата за гласачки машини, што ги тужеше Џулијани и „Фокс њуз“ за клевета, адвокатот на Џулијани рече дека поранешниот градоначалник бил блиску до банкрот.
„Има многу сметки што не ги плаќа“, додаде адвокатот. Од телефонска сметка од 57.000 долари до значително повисока. Мислам дека ова е многу понижувачко за Џулијани“.
Адвокатот Адам Кац немаше коментар за извештајот на NYT за продажбата на станот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сикорски: Унгарија покажува шокантен недостаток на солидарност кон Украина
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес ја обвини Унгарија дека покажува шокантен недостаток на солидарност кон Украина и дека верува оти унгарската влада создава клима на непријателство кон Киев за да ја искористи во изборната кампања.
„Очекував многу поголемо чувство на солидарност од Унгарија кон Украина. Но, наместо тоа, со помош на државната пропаганда, владејачката партија успеа да создаде клима на непријателство кон жртвата на агресија. А сега се обидува да ја искористи на општите избори. Тоа е доста шокантно“, изјави Сикорски пред новинарите во Брисел, пренесува Ројтерс.
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, изјави претходно денес, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, дека континуираниот отпор на Унгарија јасно ставил до знаење дека на состанокот нема да се постигне консензус за предложениот нов пакет санкции против Русија.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Свет
Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за воведување нови санкции против Русија
Поради противењето на Унгарија, земјите од Европската Унија веројатно нема да постигнат договор денес за предложениот нов пакет санкции против Русија, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, пренесува Танјуг.
Калас им изјави на новинарите пред состанокот во Брисел дека континуираниот отпор на Унгарија јасно стави до знаење дека на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ нема да се постигне консензус за предложените мерки.
„Ќе има дискусија за 20-тиот пакет санкции, но не мислам дека денес ќе има некаков напредок по ова прашање“, рече Калас, пренесува АНСА.
Таа рече дека Брисел ќе продолжи да инсистира на воведување нови рестриктивни мерки против Русија, поради војната во Украина.

