Свет
Специјалци се судрија со приврзаниците на експретседателот на Киргистан, има и повредени
Најмалку 52 лица се повредени во судири меѓу приврзаниците на поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбаев и специјалните единици, соопшти Министерството за здравство на земјата.
„Бројот на оние кои побарале медицинска помош порасна на 52, од кои 20 се хоспитализирани. Уште 11 лица се згрижени во медицинскиот центар за специјални единици“, се наведува во соопштението на Министерството.
До судирите дошло кога специјалните сили на киргистанскиот Комитет за национална безбедност се обиделе да го уапсат Атамбаев во неговата вила во селото Кои Таш.
Приврзаниците на Атамбаев кои ја чувале вилата успеале да вратат на нападот и да ги разоружаат специјалните единици и дури да уапсат шестмина од нив, по што дошле уште поголем број припадници на специјалните единици.
Поради зголемување на тензиите, претседателот Собонај Женбекоб закажа итен состанок со Советот за национална безбедност во Бишкек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нови апсења во Турција по случајот со труење на германско семејство
Турската полиција уапси уште три лица во истрагата за смртта на германска државјанка и нејзините две деца, кои починаа од труење со храна за време на одмор во Истанбул.
Приведени се управителот на хотелот и двајца работници задолжени за дезинфекција. Со нив, бројот на уапсени во случајот се зголеми на седум.
Семејството — мајка, татко и две деца од 3 и 6 години — пристигнало во Истанбул од Германија на 9 ноември. На 12 ноември сите биле хоспитализирани со симптоми на труење. Двете деца починале истиот ден, мајката два дена подоцна, а таткото е во критична состојба.
Обвинителството соопшти дека семејството претходно јадело храна купена на улица, во продавница и во хотелот.
Уличните продавачи негираат одговорност.
Сопственикот на хотелот, кој е меѓу уапсените, има две претходни кривични пријави, потврди полицијата.
Свет
(Видео) Торнадо пустоши во Португалија: три лица загинаа, десетици се повредени
Најмалку три лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во Португалија по налетот на силното невреме и торнадото Клаудија што во изминатите денови го погоди регионот, соопштија португалските власти.
За повеќе региони, меѓу кои Брага, Фаро, Сетубал и Бежа, издадени се портокалови и жолти метео-аларми поради продолжениот ризик од екстремни временски услови.
Претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави поддршка за погодените заедници.
Истовремено, силните дождови и поплави предизвикани од истата временска бура погодија делови од Велика Британија, вклучувајќи го Монмут и југоисточен Велс, каде се издадени повеќе од 180 предупредувања за поплави.
Свет
(Фото+видео) Опасни поплави во Велс, прогласен голем инцидент
Силни поплави и штети беа предизвикани во Велс и делови од Велика Британија по бурата Клаудија, додека Метеоролошката служба најави студен бран со снег и температури до –7°C во наредните денови.
Во Монмут, Велс беше прогласен голем инцидент откако реката Моноу се излеа и поплави делови од градот. Десетици жители беа евакуирани или спасени, а службите предупредија јавноста да ја избегнува областа. Најсилните врнежи достигнаа 119,6 мм во Тафалог и 80,6 мм во Сакли.
Early morning: South Wales has declared a major incident after Monmouth, Wales, UK, experienced severe and widespread flooding.
📹 Kim kaos
— Earth Echo (@rena_lynnx) November 15, 2025
River MonNow burst it's banks causing dreadful scenes in #MonMouth Wales UK damaging homes and businesses…#UK #UkStorm https://t.co/n74z2lifuk pic.twitter.com/7u9kImG2UG
— FEAR OF GOD IS WISDOM (@fear_wisdom) November 15, 2025
Бурата донесе и силни ветрови: 101 км/час во Абердарон и 109 км/час во Камбрија. Агенцијата за животна средина соопшти дека најмалку 20 имоти се поплавени, а железничките и патните услуги имаат прекини.
Жолти и портокалови предупредувања за дожд остануваат на сила во Северна и Република Ирска, каде што се пријавени и прекини на електричната енергија.
Во Португалија, 85-годишна Британка загина, а повеќе лица се повредени поради силната бура што го погоди Алгарве, соопштија локалните власти.

