Свет
Турист од Србија загина на плажа во Албанија
Српски турист загина вчера на плажа во Валона, Албанија.
Се сомнева дека 54-годишниот маж, штом дошол во контакт со водата на морскиот брег, доживеал срцев удар.
Му била укажана итна медицинска помош од турист, крајбрежната стража, а потоа и од екипата на итната помош.
Сепак, нивните напори биле залудни, па 54-годишникот починал.
Полицијата го презела овој случај и води истрага за утврдување на сите околности, јавува ABC News Albania.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Американските сили убиле 14 лица во напад на бродови со дрога во Пацификот
Американските сили убиле 14 лица во напади на четири пловила во Пацификот за кои се сомнева дека превезувале дрога, потврди американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Едно лице преживеало и било спасено од мексиканските служби.
Според Би-Би-Си, нападите во источниот Пацифик се извршени во понеделник по наредба на претседателот Доналд Трамп и претставуваат ескалација во акциите против трговците со дрога.
U.S. Secretary of Defense Pete Hegseth has announced that yesterday, October 27, 2025, at the direction of President Donald J. Trump, the United States Armed Forces carried out a series of strikes against four vessels alleged to be trafficking drugs in the Eastern Pacific. As a… pic.twitter.com/P9HPfXE6UD
— OSINTdefender (@sentdefender) October 28, 2025
Хегсет изјави дека четирите бродови биле познати на разузнавачките служби и се движеле по познати рути на шверц со дрога, нарекувајќи ги убиените „нарко-терористи“.
Свет
Путин воведе нови правила за мобилизација
Државната дума во последното читање усвои закон со кој драстично се менува системот на воена регрутација, воведувајќи целогодишна регрутација наместо претходните два брана – пролет и есен. Измените на законите „За воена регрутација и воена служба“ и „За алтернативна државна служба“ го предвидуваат овој премин, објавува рускиот инфо24.
Според новите правила, регрутирањето на граѓани за задолжителна воена служба ќе се врши од 1 јануари до 31 декември.
И покрај ова, како што пишуваат руските медиуми, испраќањето регрути во единиците ќе задржи сезонски карактер и ќе се одвива двапати годишно: од април до јули и од октомври до декември. Законодавците наведуваат дека целта на овие мерки е рамномерно да се распредели товарот врз воените служби и да се подобри квалитетот на кампањата за регрутирање.
Законот, исто така, предвидува дека регрутот мора да се јави во воената канцеларија во рок од 30 дена од објавувањето на повикот во регистарот. Усвоените измени стапуваат во сила веднаш по нивното официјално објавување.
Оваа промена доаѓа во време кога есенската регрутација оваа година, во која беа регрутирани околу 160 илјади луѓе, е најголема во последните девет години.
Андреј Картаполов, претседател на Комитетот за одбрана на Државната дума, објасни дека причината за ова е недостатокот на регрути собрани за време на пролетниот циклус.
Свет
(Видео) Загинаа сите патници во кенискиот авион што се урна, меѓу нив државјани на Унгарија и Германија
Кениската авиокомпанија „Момбаса Ер сафари“ објави дека единаесет лица, меѓу кои осум унгарски државјани, двајца германски патници и еден кениски член на екипажот, загинале во авионска несреќа што се случила денес.
Компанијата „Момбаса Ер сафари“ е специјализирана за туристички и чартер-летови во Источна Африка, објави „Ројтерс“.
Fatal plane crash Kwale. 12 pax on board. No survivors. Mombasa Air.
Accident Notification, RRV203, 5YCCA, C208 Diani to Kichwa Tembo crashed in Kwale Simba area at 0530Z, POB 12. pic.twitter.com/0tN1HM4Bwr
— ONJOLO KENYA🇰🇪 (@onjolo_kenya) October 28, 2025
Локалните власти и спасувачките екипи моментно работат на пронаоѓање на телото и причината за авионската несреќа, а Управата за цивилно воздухопловство на Кенија објави почеток на истрага за инцидентот. Досега не е објавено точно каде се урнал авионот, ниту под какви околности се случила трагедијата.
Управата за цивилно воздухопловство на Кенија (KCAA) потврди дека авионот со регистрациски број 5Y-CCA на пат од Дијани до Кичва Темба се урна во 5.30 часот по локално време.

