Свет
Стапи на сила забраната за пластични сламки и лажички во Британија

Забраната за пластични сламки за еднократна употреба, лажички за мешање и стапчиња за уши стапи денеска на сила во Англија.
Оваа одлука првично требаше да почне да се применува во април, а според неа продажбата на тие артикли е ставена надвор од законот.
Се проценува дека луѓето во Англија годишно употребуваат 4,7 милијарди пластични сламки, 316 милиони лажички за мешање и 1,8 милијарди стапчиња за уши, пренесува Би-би-си.
Борците за заштита на животната средина ја поздравија ваквата одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Свет
Со нож избодени најмалку 11 лица во Мичиген

Најмалку 11 лица беа избодени синоќа со нож во Волмарт во Траверс Сити, Мичиген. Полицијата соопшти дека напаѓачот е приведен. Повредените се хоспитализирани. Шестмина од нив се во критична состојба, додека петмина други се во сериозна состојба.
Траверс Сити е околу 410 км северозападно од Детроит. Шерифот на Траверс Сити, Мајкл Шеј, изјави дека оружјето употребено во нападот е нож. Се води истрага за мотивите за нападот.
Свет
И по 54-ти пат Косово сè уште без собраниски спикер

Ниту доцна синоќа не успеа да се конституира Собранието на Косово, и покрај тоа што ова беше веќе 54-ти обид за избор на претседател. Причината повторно беше истата, недостиг на доволно гласови за формирање на комисија за тајно гласање, што е предуслов за спроведување на изборот.
Политичките партии и коалиции – Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српската листа, како и коалицијата меѓу Алијансата за иднината на Косово и НИСМА, повторно одбија да предложат свои членови во комисијата. Наместо тоа, тие го обвинија претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари, дека ја узурпира седницата и ги погазува и Уставот и одлуките на Уставниот суд на Косово.
Ситуацијата ескалираше кога Дехари, како и во претходните обиди, ги прекинуваше говорите на пратениците со исклучување на микрофоните, што дополнително ја вжешти атмосферата. Од вкупно 103 присутни пратеници, само 56 гласаа „за“ формирање на комисијата, што не беше доволно.
Поради недостигот на мнозинство, Дехари ја прекина седницата, повикувајќи се на одлуката на Уставниот суд донесена на 26 јуни, според која од денес до 8 август парламентот нема право да заседава или да донесува какви било одлуки. До тогаш, се очекува Судот да ја објави својата пресуда по барањето за оценка на уставноста на инсистирањето за тајно гласање, поднесено од пратениците на ДПК и ДСК.