Свет
Столтенберг: НАТО не планира да го зголеми бројот на членки со нуклеарно оружје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека алијансата не планира да го зголеми бројот на членки што користат нуклеарно оружје, ниту да позиционира нови борбени групи во Шведска.
„Не планираме да го зголемиме бројот на земјите на НАТО со нуклеарно оружје“, изјави Столтенберг на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Брисел, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.
Тој изјави дека НАТО постојано ја анализира својата позиција за конвенционалните сили додавајќи дека во моментот „нема планови за борбени групи во Шведска како алијанса, но особено врз нордиските и балтичките земји“.
Тој додаде дека алијансата во моментот не гледа никаква воена закана кога станува збор за Русија.
„Не гледаме непосредна воена закана за ниту една земја на НАТО, делумно поради тоа што Русија е премногу зафатена во Украина, но и поради присуството на НАТО и разбирањето дека нападот врз една членка на алијансата ќе предизвика одговор од целата алијанса“, рече Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се стравува од повредени

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:54 часот во Индонезија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Во Мјанмар минатата недела беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.
Свет
Премиерот на Гренланд: Со нетрпение ја очекувам посетата на данската премиерка

Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен денеска изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на данската премиерка Мете Фредериксен во среда.
Нилсен рече дека Гренланд долго време ја посакувал оваа посета, објави Ројтерс.
Тој во неделата рече дека САД нема да го добијат Гренланд, одговарајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.