Свет
Страшни последици од високите температури во Мексико, 249 лица починале од горештините
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/р-3.jpg)
Како последица на екстремно високите температури во Мексико, во последните четири месеци починале 249 лица.
Министерството за здравство на Мексико објави извештај за смртни случаи во земјата поради екстремните температури поради климатските промени.
Термометрите во Мексико покажаа околу 45 Целзиусови степени на крајот на јуни. Најголем број смртни случаи е забележан во Нуево Леон, каде што починале 100 лица.
Околу 92,4 отсто од смртните случаи се предизвикани од топлотен удар, а другите поради жед.
Владата на Мексико препорачува да се пијат најмалку два литра вода често во текот на денот и да не сe излегува надвор, освен ако е апсолутно неопходно.
Во истиот период минатата година 38 лица починаа од екстремни горештини во Мексико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Делегацијата на српскиот парламент ја напушти конференцијата во Црна Гора поради нападот врз Вучиќ и Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gfdsg.jpg)
Делегацијата на Народното собрание на Србија денеска ја напушти Меѓупарламентарната конференција „Предности на Берлинскиот процес: посебен фокус на заедничкиот регионален пазар“ поради, како што тврдат, неоснованите напади врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ и врз државата Србија, соопшти Народното собрание.
Делегацијата на Народното собрание ја сочинуваат потпретседателката Снежана Пауновиќ и претседателот на Комисијата за просторно планирање, транспорт, инфраструктура и телекомуникации Угљеша Марковиќ, а конференцијата ја напуштија по расправата на првиот панел, бидејќи, беше соопштено дека Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Парламентот на Албанија и собранијата во Приштина неосновано ги нападнале Србија и Вучиќ.
Пауновиќ рече дека Србија е подготвена да ги спроведе сите договори и конструктивен дијалог во рамките на берлинскиот процес и дека како најсилна економија на Западен Балкан, Србија е ориентирана кон просперитет и иднина, но пред се е суверена земја во која граѓаните на демократски начин ги избираат своите претставници.
Свет
Израелските сили ги нападнаа северниот и јужниот дел на Газа, а борбите продолжија во текот на ноќта
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/вцв.jpg)
Израелските сили денеска нападнаа неколку области низ Газа, а жителите известија дека борбите продолжиле во текот на ноќта во Рафах на југот од палестинската енклава.
Жителите изјавија дека борбите се интензивирале во населбата Тел Ал Султан во западниот дел на Рафах, каде тенкови се обидувале да се пробијат на север, пренесува Ројтерс.
Претходно денеска во израелски напад загинаа тројца Палестинци во близина на кампот Џабалија.
Свет
(Видео) Асанж пристигна во Австралија: емотивна средба со сопругата и неговиот татко
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/677z381_asanz-kanbera.jpg)
Џулијан Асанж, кој од денеска и официјално е слободен човек, се врати во Австралија, а најемотивната средба ја имаше со сопругата Стела.
Julian Assange greets his supporters at the fence and kisses his wife after touching down a free man #auspol pic.twitter.com/HQ4JbyWKvH
— Sarah Basford Canales (@sbasfordcanales) June 26, 2024
Откако авионот слета на аеродромот во Канбера, Асанж излегол од авионот, а го пречекале бројни новинари и поддржувачи кои аплаудирале и скандирале за него.
Камерите го снимиле моментот кога Асанж ја прегрнал сопругата, ја кренал од земја и ја бакнал, а потоа го прегрнал и татко си.