Свет
Сѐ посилни апели за мир на Корејскиот полустров
Во моменти кога тензиите на Корејскиот полуостров се доведени до критична точка, особено откако Северна Кореја лансираше балистичка ракета преку Јапонија, апелите за мир од страна на нејзиниот јужен сосед стануваат сѐ погласни.
Во насоката за зачувување на мирот на Корејскиот полуостров ќе биде и одбележувањето на третата годишнина од Светскиот мировен самит на религиите во јужнокорејската престолнина Сеул, настан кој има за цел да ја потенцира потребата од поцврста меѓународна соработка за постигнување на светски мир.
Настанот е организиран од страна на јужнокорејската невладина организација „Небесна култура, светски мир” (HWPL), и ќе се одржи кон средината на идниот месец, односно од 17 до 19 септември. На овој глобален настан ќе присуствуваат голем број на светски политички и религиски лидери, како и претставници од невладиниот сектор и младинските организации ширум светот.
Оваа година, повеќе од илјада претставници од 120 земји ќе учествуваат во дискусиите кои имаат за цел да го воспостават и спроведат концептот на „заедничко управување“ помеѓу владите и невладините организации во овие земји, а кој е насочен кон имплементацијата на Декларацијата за мир и ставање крај на војните, документ создаден од правниот тим на јужнокорејската невладина организација. Целта на документот е покренување на свест за потребата од мировната култура и промоција на меѓуверска хармонија.
Во дискусиите кои ќе се одржат за време на неколкудневниот самит ќе учествуваат поранешни претседатели, министри, претставници на Обединетите нации, правници, претставници на невладини организации и новинари – сите од нив посветени кон развојот на мировната култура.
„Со цел сите да станат гласници на мирот и да учествуваат во ширењето на мировната култура, мировното образование е важно за сите оние лидери кои се посветени кон реализирањето на оваа цел“, вели претседателот на јужнокорејската невладина организација и светски познат хуманист, Ман Хи Ли.
Во рамките на настанот, чиј слоган е „Заедно за мирот“, предвиден е и мировен фестивал на кој ќе учествуваат повеќе од 100 илјади лица. Инаку јужнокорејската организација HWPL во изминатите две години е активна и на Балканот, преку организација на повеќе мировни активности и настани во Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска и Словенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.