Свет
Таткото, кој мислеше дека ќерка му е убиена во нападот на Хамас, сега добил информација дека можеби е сè уште жива
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/tatko-3.jpg)
Таткото од Ирска, кому претходно му беше кажано дека ќерка му е убиена во напад на Хамас во Израел, сега слушнал дека можеби е сè уште жива.
На Том Хенд од Даблин првично му беше кажано дека ќерка му Емили е меѓу убиените во нападот на Хамас врз кибуцот Бери на 7 октомври.
Ирската амбасада во Израел потврди за RTE дека сега се верува оти Емили била киднапирана, а не убиена, јавува Би-би-си.
Официјален претставник на Амбасадата рече дека тестовите покажале дека нејзината ДНК не била пронајдена меѓу жртвите во тој напад.
Семејството на Емили во неделата изјави дека израелските одбранбени сили сега веруваат дека постои голема можност таа да е меѓу луѓето што Хамас ги држи како заложници во Газа.
Се сомневаат дека како заложници биле земени и нејзината пријателка кај која престојувала, како и мајката на нејзината другарка.
Томас Хенд се соочи со мачно дводневно чекање за веста за ќерка му Емили откако палестинските терористи упаднаа во нивниот кибуц околу 7 часот наутро во саботата наутро масакрирајќи најмалку 100 луѓе.
Ханд рече дека кибуцот бил под опсада околу 12 часа тој ден за време на кои тој не знаел каде се наоѓа или каква е судбината на неговото дете.
Во едно потресно интервју за Си-ен-ен, Ханд се расплака додека го раскажуваше моментот кога конечно му било кажано дека телото на неговата ќерка е пронајдено – и рече дека неговата реакција била олеснувачка бидејќи му било мило што, наместо тоа, не била киднапирана.
„Рекоа: Ја најдовме Емили. Таа е мртва, а јас само реков: Да!“
„Не го прави тоа често, но, за жал, таа вечер, таа вечер – петок навечер – отиде да спие кај пријателката“ – рече Ханд.
Следното утро реонот бил нападнат.
„Или е мртва или е во Газа. И ако знаете нешто за тоа што им прават на луѓето во Газа, тоа е полошо од смртта. Таа немаше да има храна. Не би имала вода. Таа ќе беше во темна соба и преплашена. Така, смртта беше благослов. Апсолутен благослов“, рече тогаш очајниот татко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
„Мамо, не те оставам“: oсумгодишно дете од Минесота убиено додека ја бранело мајка си од насилниот сопруг
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Minesota.jpg)
Осумгодишно дете од Минесота било убиено додека ја бранело мајка си од сопругот насилник, минатата недела, соопшти семејството на детето, пренесува Law and Crime.
Амир Демарион Харден починал на 9 јуни од компликации откако бил застрелан во главата и вратот на 6 јуни, се вели во соопштението издадено од Канцеларијата на медицинскиот преглед на округот Хенепин.
Според медиумот, на денот на пукањето, таткото на момчето, Денер Харден, бил ослободен од затвор откако платил кауција по обвиненијата за семејно насилство. Тој се вратил во семејниот стан бесен и се обидел да ја убие сопругата.
„Неговиот татко се обиде да ме убие, но мојот син беше застрелан поради мене. Амир се обиде да му го одземе пиштолот од рацете на татко му. Му викав да оди кај соседите. Тој одби и рече – мамо, не те оставам!“, напиша Чериш Едвардс“, ожалостената мајка на Амир.
Кога видел дека го застрелал синот, таткото си пукал во глава, велејќи пред тоа дека „случајно пукал“ во детето, изјави Едвардс. Мајката на момчето додаде дека четирите браќа и сестри на Амир биле сведоци на шокантното насилство.
Европа
Зеленски смета дека мировната конференција за Украина, што се одржува во Швајцарија, ќе го зголеми притисокот врз Москва
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/zelenski1.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека мировната конференција за Украина, што се одржува во Швајцарија, ќе го зголеми притисокот врз Москва, но другите учесници на форумот не се толку оптимисти, јави ДПА.
-На дводневниот состанок, на кој присуствуваат 92 земји и осум меѓународни организации, беше повторено дека со заеднички напори може да се стави крај на војната и да се постигне мир, рече Зеленски денеска непосредно пред делегациите да почнат да разговараат на оваа тема.
Меѓутоа, швајцарската претседателка Виола Амхерд нема толку големи очекувања, забележува ДПА.
-Нашите цели се скромни, рече таа, објаснувајќи дека целта на конференцијата е да се поттикне почеток на процес за постигнување траен и праведен мир.
Важноста на меѓународното право како основа на меѓународниот поредок е клучна за ова, рече Амхерд.
-Нападот на Русија го нарушува тоа на најнагласен начин, рече Амхерд.
Русија не беше поканета да учествува на конференцијата, а не учествува ниту Кина, важен сојузник на Москва.
На средбата станало збор и за добивање на најширока можна меѓународна поддршка за украинскиот мировен план, кој предвидува целосно повлекување на Русија од украинска територија.
Свет
Страшна глетка: 28 луѓе висат надолу откако се заглавија во забавен парк во САД (ВИДЕО)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/SAD.jpg)
Едно лице е превентивно пренесено во болница, но нема повреди, а 28 се спасени во инцидент во забавен парк во Орегон, САД.
„Пожарникарите успеаја да спасат 28 лица кои беа заглавени на височина од 30 метри, висејќи наопаку, за време на возењето во забавниот парк Оукс .Едно лице е превентивно пренесено во болница, но нема повредени„, соопштија од паркот.
За среќа, брзата реакција на вработените во паркот и пожарникарите спречија сериозни повреди.
Според очевидци, се се случило ненадејно. Прво слушнале татнеж, а потоа и соопштение од огласувачкиот систем внатре во забавниот парк.
Крис Рајан, посетител на паркот, опиша како тој и неговата сопруга се подготвувале да се возат панорамското тркало кога забележале дека возењето е заглавено. Слушаа луѓе како викаат, кога го кренаа погледот, останаа без зборови.
People left dangling upside down for half an hour on Oregon theme park ride. https://t.co/OkVjDTuyJa pic.twitter.com/WWGTRQRWIt
— Sky News (@SkyNews) June 15, 2024