Свет
Татко убил две мали деца во Аризона, добивал третман за ментално здравје пред убиствата
Татко од Аризона, Брук Матер, ги убил своите мали деца (7 и 6 години).
Брук Матер (34), неговиот син (7) и ќерката (6) во понеделникот беа пронајдени мртви во семејната куќа во предградието на Феникс.
Полицијата соопшти дека во скутот на таткото го пронашла оружјето – пушката со која е извршено злосторството, пренесува Daily Mail.
Матер добивал третман за ментално здравје пред убиствата. Мајката на децата, Хоуп Матер, загрижена повикала полиција, откако од училиштето била информирана дека децата не доаѓаат на настава.
Brock Mater, 34, his son, 7, and daughter, 6, were found shot dead in Arizona
The father had been going through a divorce and… . Read Full Article: https://t.co/s5Qb3evHd4 pic.twitter.com/1QnutqbHY4— iLoveConverts.net (@iloveconverts) May 22, 2024
Мајката отишла во куќата и заѕвонила неколку пати, но никој не и ја отворил вратата. Таа повикала полиција кога го видела автомобилот на Брук надвор од куќата.
Двојката била среде развод, а децата викендов биле кај татко им, пренесува Телеграф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени
Руските безбедносни сили влегоа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски чувари како заложници, објавија руските медиуми, пренесе Бета.
Шест затвореници кои земаа двајца чувари како заложници во притворниот центар во градот Ростов на Дон се „ликвидирани“, објавија руските медиуми.
„Заложниците во притворот во Ростов на Дон се неповредени“, соопшти Федералната затворска служба на Русија.
Претходно беше објавено дека шестмината затвореници имале гумени палки, ножеви и секири, а меѓу нив има и обвинети за врски со групата Исламска држава.
Свет
Затворениците вооружени со ножеви во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници
Обвинети во истражниот центар во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници, соопштија денеска руските власти, цитирани од британските медиуми.
„Група затвореници од истражниот затвор во Ростовската област, кои го зедоа затворскиот персонал како заложници, бараат да им се обезбеди автомобил и слободно да си заминат“, изјавија руските служби за итни случаи.
Група од шестмина затвореници кои зеле двајца вработени како заложници во затворот, бараат да им се обезбеди автомобил и бесплатен излез од истражниот затвор.
Тие тврдат дека се членови на терористичката организација Исламска држава, која е забранета во Руската Федерација. Затворениците се вооружени со ножеви и остри предмети.
Руските медиуми, повикувајќи се на упатен извор, наведуваат дека оперативен офицер и надзорник во истражниот затвор во Ростовскаја биле земени како заложници, а затворениците кои ги заробиле се товарат за тероризам.
Агенцијата наведува дека преговорите за ослободување на заложниците се во тек и дека на лице место се шефот на регионалниот штаб на Федералната поправна служба и претставници на органите на прогонот и обвинителството
Регион
11-годишно момче со велосипед падна од три метри висина на Калемегдан во Белград
Единаесетгодишното момче вчера вечерта паднало од тврдината Калемегдан во Белград и се здобило со тешки телесни повреди. Како што пренесуваат српските медиуми, момчето возело велосипед во паркот Калемегдан и паднало од висина од три метри.
Белградската Итна помош соопшти дека со повреди момчето било пренесено во Ургентниот центар каде е задржано на лекување.