Свет
Тилерсон во настапот пред сенатската комисија откри многу несогласувања со Трамп
Предложениот за нов американски државен секретар Рекс Тилерсон, во сослушувањето пред комисијата за надворешни работи на Сенатот кое траеше девет часа , изнесе ставови кои отстапуваат од позициите на избраниот претседател Доналд Трамп, а се однесуваат на клучните насоки во надворешната политика во поглед на ширењето на нуклеарното оружје, климатските промени, односите со Мексико, се дознава од агенциските извештаи.
Речиси десетгодишниот главен директор на големата американска нафтена компанија „ExxonMobil“, Рекс Тилерсон, кој отстапи од оваа позицијана 31-ви декември за да ја прифати номинацијата на Доналд Трамп, пред сенатската комисија зборуваше за потврдување на неговата должност шеф на американската дипломатија.
Тилерсон притоа изјави дека засега ги поддржува санкциите против Русија, како и дека сојузниците во НАТО во Европа со право се загрижени поради „серастечката агресија“ на Москва, односно враќањето на Русија на меѓународната политичка сцена. Сенаторите изразија загриженост поради неговите деловни и лични врски во Русија додека беше на чело на „ExxonMobil“ кој до американските санкции пред две години имаше голема активност на рускиот пазар и за желбата на Трамп да ги подобри односите со Москва. Тилерсон одби да го нарече рускиот претседател Владимир Путин „воен злосторник“ поради руската воена операција во Сирија и сепак ја остави отворена вратата за можни промени во американската политика на санкции против Русија.
„Би оставил статус-кво за да можеме да пренесеме работите да одат во која и да е насока“, рече Тилерсон и се заложи за „отворен и искрен“ дијалог со Москва за да подобро да се разберат намерите на Русија.
На прашање на демократскиот сенатор Едвард Маркиза изјавите на Трамп дека нема да се противи американските сојузници, вклучително и Јапонија, да дојдат во посер на нуклеарно оружје, Тилерсон одговори „Не се согласувам“.
Исто така, рече дека не е против трговскиот договор за Транспацифичкотрговски партнерство (TTP), на кој се противи Трамп, но оцени дека тој договор можеби не им е во полза на сите американски интереси.
Остави, меѓутоа, простор за значајни пресврти или промени во некои политики на администрацијата на Барак Обама, и во согласност со ставовите на Трамп, вклучително и трговскиот договор со Куба и нуклеарниот договор со Иран за кои рече дека мораат целосно одново да бидат разгледани. Но не се повика на моментален прекин на договорот постигнат во 2015-та меѓу шесте светски сили и Техеран кој се обврза да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување и ублажување на економските санкции.
Од друга страна, Доналд Трамп, даваше сосема спротиставени изјави, најавувајќи целосно отфрлање на договорот со Иран.
Тилерсон Мексико го нарече „долгогодишен пријател и сосед“ на својата земја и неговите одговори во врска со Мексико беа „смирени и одмерени“, оценува Reuters, потсетувајќи дека Трамп најави градење ѕид на границата со Мексико, а мексиканските имигранти ги нарече трговци со дрога и силувачи.
На прашањето дали верува во климатските промени предизвикани од човековите активности, рече дека „ризикот од климатските промени постои и дека последиците би можеле да бидат доволно сериозни, што би наложувало преземање одредени мерки“. Додаде, меѓутоа, дека способноста за предвидување на ефектот од стакленичките гасови е „многу ограничена“.
Во очигледна спротиставеност со некои од ставовите на Трамп, исто така, Тилерсон рече дека „не гледа потреба од регистер на муслиманите“, додавајќи дека не поддржува вперување на прстот во која и да е група, во конкретниот пример поради тероризмот.
Сепак, Тилерсон оцени дека разијдувњата со Трамп околу некои клучни прашања не значи и дека би имало несогласувања со Белата куќа. Секој во кабинетот би имал можност да дебатира за прашањата, „а претседателот ќе донесе одлука“, додаде. Себеси се опиша како отворен и транспарентен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина го осуди притисокот од Унгарија и Словачка
Министерството за надворешни работи на Украина го осуди и отфрли, како што наведува, притисокот и ултиматумите од владите на Унгарија и Словачка поврзани со снабдувањето со енергија. Од Киев велат дека ваквите потези се провокативни и неодговорни, особено во момент кога Русија извршува масовни напади врз украинската енергетска инфраструктура.
Во соопштението се наведува дека заканите од Будимпешта и Братислава ја загрозуваат енергетската безбедност на целиот регион.
„Во услови кога Москва се обидува да им ги скрати струјата, греењето и гасот на Украинците оваа реторика му помага на агресорот и истовремено им штети на енергетските компании од Унгарија и Словачка“, се вели во соопштението.
Алтернативни начини на снабдување
Украина соопшти дека е во постојан контакт со Европската комисија за последиците од руските напади и дека им доставила информации на Унгарија и Словачка за оштетувањата на нафтоводот Дружба. Работите за стабилизирање на инфраструктурата продолжуваат и покрај постојаната закана од нови ракетни удари.
Киев, исто така, понудил алтернативни начини за снабдување со неруска нафта за Унгарија и Словачка.
„Украина секогаш била, е и ќе остане доверлив енергетски партнер на Европската унија и транзитна земја за енергенси“, се вели во соопштението.
Украина најави дека може да активира Механизам за рано предупредување предвиден со Договорот за асоцијација со ЕУ, поради како што велат, неоснованите закани.
Киев ги повика владите на Унгарија и Словачка на конструктивна соработка, истакнувајќи дека ултиматумите треба да се испраќаат до Кремљ, а не до Украина.
Закани од Словачка и Унгарија
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, порача дека ќе ја прекине итната испорака на електрична енергија за Украина ако Киев во рок од два дена не продолжи со испорака на руска нафта кон Словачка. Словачка, заедно со Унгарија, е една од ретките земји на ЕУ што сè уште зависи од руска нафта преку нафтоводот Дружба.
И унгарскиот премиер, Виктор Орбан, се закани дека Унгарија може да ја запре испораката на електрична енергија за Украина ако не се обнови транзитот на нафтата. „Ако тоа го запреме, може да се случат сериозни последици“, рече Орбан.
Прекин на испораката на нафта
Испораката на руска нафта преку нафтоводот Дружба е прекината од 27 јануари, откако според Украина, руски дрон нападнал опрема во западна Украина. Словачка и Унгарија во последните денови ја заострија својата реторика за продолжување на снабдувањето.
Од октомври минатата година, Русија го засилила нападите врз украинскиот енергетски систем, уништувајќи снабдување со струја и топлина. И покрај војната, Украина продолжува да дозволува користење на својот територија за извоз на руска енергија во Европа, иако таа е значително намалена.
Свет
Американски професор по право: Трамп ризикува нови тужби за најновите царини
Американскиот професор по право, Алан Б. Морисон, изјави дека би бил „шокиран“ ако не следуваат нови тужби против Доналд Трамп поради најновите глобални царини што американскиот претседател ги воведе за увоз во САД.
Морисон, професор на Правниот факултет на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, за Sky News изјави дека Трамп „се обидува да направи многу работи што според законот не може“.
„Вчера рече дека ќе воведе давачка од 10 отсто, денес е 15 отсто, утре може да биде 25 отсто“, истакна професорот.
Претходно Трамп порача дека новата глобална царина од 15 отсто за увоз стапува на сила веднаш и дека станува збор за максималната стапка што може да ја наметне според постојното законодавство.
Морисон предупреди дека претседателот има „страшна буџетска нерамнотежа“ и дека би можел да мора да врати околу 150 милијарди долари на увозниците, што би претставувало „голем проблем за него“. Парите се од претходно воведените царини кои Врховниот суд ги прогласил за незаконски, но Трамп инсистира дека нема да бидат вратени.
Професорот објасни дека Трамп можел да воведе нови царини преку други закони кои во одредени околности тоа дозволуваат, со цел да се обиде да надомести дел од загубите од претходните царини.
Свет
Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15%
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе глобални царини од 15%, продолжувајќи да се спротивставува на одлуката на Врховниот суд со која се укинати неговите претходни царини за увоз.
Трамп во петокот изјави дека ќе ги замени царините што ги укина судот со данок од 10% на сите стоки што влегуваат во САД.
Но, сега на „Truth Social“ тој објави дека ова ќе се зголеми на 15%.
Новите царини ќе стапат на сила во вторник, 24 февруари, и можат да останат на сила само околу пет месеци пред администрацијата да мора да побара одобрение од Конгресот.

