Свет
Тинејџерка доби рекордна отштета за силување од наставник во католичко училиште
Надбискупијата во Лос Анџелес ѝ испратила осум милиони долари отштета на тинејџерка која била силувана и избркана од страна на наставник во тамошното католичко средно училиште во 2016 година, изјавил нејзиниот адвокат Дејв Ринг, пренесува „Њујорк тајмс“. Овој случај привлече големо внимание на проблемот со сексуална злоупотреба во католичките институции, кои ги извршиле вработени кои не се членови на свештенството.
Адвокатот Ринг верува дека се работи за најголема отштета кога било исплатена на едно лице од страна на надбискупијата, која веќе исплатила стотици милиони долари за силувања изминатите години. Како што пишува „Њујорк тајмс“, се работи за рекордна исплата на надбискупијата на едно лице.
Портпаролката на надбискупијата во Лос Анџелес одбила да ја потврди сумата што е исплатена.
„Надбискупијата е свесна дека со насилство и злоупотреба се врши сериозна штета на животот на жртвата. Се надеваме дека во оваа ситуација, отштетата ќе ѝ помогне на девојката да ги залечи ранети и да продолжи во иднината кон својата зададена цел. Надбискупијата се извинува поради сè што се случило“, стои во изјавата на портпаролката.
Не е познат идентитетот на тинејџеката, но е познато дека имала 15 години кога почнала сексуалната злоупотреба од страна на наставникот и тренер Иван Барајас во 2016 година. Барајас бил спортски директор и наставник, тренер по одбојка во средното училиште, кое го управува надбискупијата.
Како што пренесува „Њујорк тајмс“, наставникот ѝ испраќал непристојни пораки и фотографии на ученичката, кои ги снимал додека ја силувал. На крајот, кога неговата сопруга ги открила фотографиите на неговиот мобилен телефон, тој ја избркал девојката од училиштето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Според него, Украина работи со сите партнери за безбедносни гаранции.
„Општо земено, ние сме блиску до тој проект. Имавме средба со американски сенатори. Рековме дека навистина сакаме да ги продолжиме безбедносните гаранции, за да бидат поефикасни за инвеститорите на кои им се потребни гаранции повеќе од пет до десет години“, рече Зеленски, пренесоа украински медиуми.
Тој додаде дека американската страна синоќапредложила гаранции од 15 години, додека Украина сака да додаде 20 години на тоа, за периодот да биде помеѓу 30 и 50 години.
„Зависи од тоа што ќе одлучат администрацијата и Конгресот, ќе видиме“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.

