Контакт

Европа

Тинејџер од Унгарија осомничен за масакр: направил симулација како убива 50 ученици

Објавено пред

17-годишен тинејџер од Унгарија е уапсен под сомнение дека планирал масакр во своето поранешно училиште.

dobivaj vesti na viber

Полицијата пронашла докази дека тој „практично виртуелно веќе го извршил убиството“ имајќи предвид дека во една виртуелна игра нацртал совршена скица од своето поранешно основно училиште, во која влегол со пиштол, а потоа ги застрелал сите што се движат.

Како што пренесува унгарски „Блик“, момчето од градот Мишколц на неколку социјални мрежи проговорило за својот план да пука во училиштето.

Тој планирал да купи пиштол кога ќе наполни 18 години. Планирал да оди и на стрелиште за да научи техники на гаѓање, додаваат медиумите. Тој често посетувал веб-страници, кои известуваа за неодамнешните пукотници во САД.

„За време на распитот на осомничениот, тој негира дека сторил кривично дело подготовка за убиство. Рече дека не сакал да убие никого или да добие пиштол. Тој изјави дека страда од многу сериозни психички проблеми“, изјави Золт Џог, портпарол на Окружното обвинителство.

Иако постои медицинска документација за психичката состојба на осомничениот, во случајот биле вклучени и вештаци за да се испита истата.

„Тинејџерот, кој завршил училиште пред две години, планирал масакрот да го изврши во поранешното основно училиште бидејќи му било блиску и имал пристап до него. Тој планирал да упадне во училиштето и да употреби оружје против чуварите, кои би можеле да дејствуваат против него. Планирал да влезе и во најмалку две училници, секоја со 20 ученици. Планирал да го употреби оружјето против 50 ученици“, објасни портпаролот.

„Врз основа на неговите објави идентификувани се самоубиствени намери, а тој самиот истакнал дека доколку успее да ја оствари намерата, ќе го сврти оружјето против себе, со претпоставка дека нема да може да се самоубие. Од друга страна, планирал да пука во полицијата, која ќе дојде на местото на настанот, со намера да ја спречи неговата акција“, додаде портпаролот.

Според него, тој повеќе не го гледал значењето на својот живот, не сакал ни да живее повеќе од 19 години.

„Немањето цел ја припишува на сопствената ментална болест и проблемите со интегрирањето во заедницата. Мислеше дека ќе добие пиштол или ловечка пушка од кругот на познајници, но нашол полуавтоматско оружје погодно за употреба“, додаде портпаролот.

Според „Блик“, ИТ-експерти ја пронашле играта поради што уапсениот не може да негира дека одржал генерален тест на својот план, макар и само на интернет.

„Мојот клиент ќе негира дека, всушност, сакал да изврши масакр. Вистина е дека се потрудил на интернет, но тоа не значи дека својата фантазија би можел да ја преточи на дело во реалниот живот“, рекол Џозеф Лиши, кој правно го застапува младиот човек од Мишколц.

Тинејџерот живеел сам со мајка си во стан и бил член на чет-група во која млади луѓе од целиот свет сонуваат да извршат масакр во училиште.

Шокантно е што во групата има и девојчиња, кои, според нивните тврдења, се заљубуваат во момчиња што организираат масакри во училиштата.

Во оваа заедница, пишува „Блик“, потполно осаменото момче нашло виртуелни пријатели, па дури и обожаватели.

Од разговорите на неговиот компјутер се гледа дека тој разговарал со неколку луѓе за убиство на ученици во неговото поранешно училиште, а дека сака да ја убие и својата мајка.

Тој само би го оставил живо своето куче затоа што, според него, животното не заслужува да умре.

Единствениот „проблем“, според надлежните, му бил тоа што не можел да добие оружје.

Европа

Данската премиерка од Гренланд: Се наоѓаме во сериозна ситуација

Објавено пред

Данската премиерка Мете Фредериксен го посети Нук, главниот град на Гренланд, на разговори со лидерот на територијата, Јенс-Фредерик Нилсен. Посетата доаѓа по напната недела во која американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од заканите за преземање на арктичкиот остров и се согласи на разговори.

dobivaj vesti na viber

Тензиите се смирија откако Трамп во средата ја отфрли можноста за воена акција и објави на социјалните мрежи дека е постигната „рамка за иден договор за Гренланд“ по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Давос, јавува Би-би-си.

Знак на поддршка и дипломатски пат
Деталите од договорот сè уште не се познати. Премиерката Фредериксен долета директно од Брисел, каде што се сретна со Руте во петокот наутро. Според неговата најава, тие се согласиле да „го зајакнат одвраќањето и одбраната на Арктикот“.

По пристигнувањето во Нук, Фредериксен беше пречекана од Нилсен. „Пред се, денес сум во Гренланд за да ја покажам нашата силна данска поддршка за народот на Гренланд“, изјави таа за новинарите. „Ова е многу тешко време, секој може да го види тоа“.

„Се наоѓаме во сериозна ситуација. Тоа го гледаат сите. Сега постои дипломатски, политички пат што ќе го следиме“, додаде таа, објаснувајќи дека нејзината посета е „работна“ за да се подготват „следните чекори“.

Трамп во четвртокот за „Фокс њуз“ изјави дека САД „добиваат сè што сакаат без никакви трошоци“ и дека „дел“ од неговиот планиран систем за ракетна одбрана „Златна купола“ ќе биде поставен на Гренланд. На прашањето дали станува збор за „преземање“, тој рече: „Тоа е целосен пристап. Нема крај, нема временско ограничување“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Шведски ловци пресретнаа руски борбени авиони над Балтикот, Русија објави снимка од летот

Објавено пред

Борбени авиони на шведските воздухопловни сили вчера, 22 јануари, пресретнаа руски бомбардер Ту-22М придружуван од два ловци Су-35С над Балтичкото Море.

dobivaj vesti na viber

Средбата се случила во меѓународен воздушен простор во близина на воздушниот простор на НАТО, што ја истакнува фреквенцијата на руските воздушни мисии кои рутински предизвикуваат реакции од воздушната полиција на Алијансата, објави „Army Recognition“.

Шведските авиони за брза реакција (QRA) беа активирани откако мрежите за надзор открија руска формација над Балтикот, област со густ воен сообраќај каде што летовите често се одвиваат без транспондерски сигнали или најавени планови за лет.

Во согласност со стандардната практика на воздушно полициско работење на НАТО, шведските ловци визуелно ги идентификуваа авионите, ги следеа на безбедно растојание и потврдија дека нивната траекторија остана надвор од воздушниот простор на Алијансата.

Руското Министерство за одбрана денеска објави видео на кое се прикажани два бомбардери со долг дострел Ту-22М3 во, како што наведува, „планиран лет“ над неутралните води на Балтичкото Море. Москва соопшти дека летот бил извршен во целосна согласност со меѓународното право, пренесува „Еуроњуз“.

Министерството во соопштението наведува дека бомбардерите биле придружувани од борбени авиони Су-35 и Су-30 и дека летот траел околу пет часа.

„Придружбата ја обезбедиле екипажите на борбените авиони Су-35 и Су-30 на Воздухопловните сили. Времетраењето на летот било околу пет часа. Во одредени фази од рутата, бомбардерите биле придружувани од борбени авиони на странски земји“, се вели во соопштението.

Москва нагласи дека сите летови на руските воздухопловни сили се извршуваат во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор и редовно се одвиваат над неутралните води на Арктикот, Северноатлантскиот, Тихиот Океан, Балтичкото и Црното Море.

Прикажи повеќе...

Европа

Украинскиот министер за одбрана: Разговаравме за параметрите за завршување на војната

Објавено пред

Во Абу Даби се одржа трилатерален состанок на украински, американски и руски делегации за да се разговара за параметрите за завршување на војната и идниот процес на преговори, објави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров на социјалната мрежа Икс.

dobivaj vesti na viber

Покрај Умеров, украинската делегација ја сочинуваа Кирил Буданов, Давид Арахамија и Сергеј Кислицја. Специјалниот претставник Стив Виткоф, Џаред Кушнер, Џош Груенбаум и генералите Даниел Дрискол и Алексус Гринкевич присуствуваа на консултациите во име на САД. Руската делегација ја сочинуваа претставници на военото разузнавање и вооружените сили.

Централна тема на состанокот беа параметрите за завршување на војната и понатамошната логика на процесот на преговори со цел постигнување достоен и траен мир. Дополнителни состаноци се закажани за утре, кога на украинскиот тим ќе му се придружат началникот на Генералштабот, генерал Андриј Хнатов, и заменик-началникот на Службата за одбранбено разузнавање на Украина, генерал-потполковник Вадим Скибицки.

Умеров изјави дека по секоја фаза од преговорите, до украинскиот претседател Володимир Зеленски се доставува извештај. Тој нагласи дека украинскиот тим дејствува координирано во рамките на задачите поставени од претседателот и е подготвен да работи во различни формати, во зависност од текот на дијалогот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија12 часа

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет13 часа

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ15 часа

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет15 часа

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија20 часа

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет21 час

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион22 часа

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија23 часа

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија1 ден

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа1 ден

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Разговорот веќе се одржа, долго време немало ваков трилатерален состанок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање извести за клучните дипломатски напори, ситуацијата на фронтот, енергетската криза и мерките...

Македонија1 ден

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за...

Топ2 дена

Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: кривична против управител на приватна фирма од Новаци

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение...

Македонија2 дена

Најавен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од понеделник: МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција известува дека до Министерството за внатрешни работи е доставена...

Македонија2 дена

(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку...

Македонија2 дена

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов...

Македонија2 дена

(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката...

Македонија2 дена

Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија2 дена

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за...