Европа
Торнадо остави хаос на Нов Зеланд

Најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд, беше погоден од торнадо два месеца по разорниот циклон Габриел, кој ѝ нанесе голема штета на земјата.
Службите за итни случаи во Окленд соопштија дека почнале да добиваат повици за локален хаос околу 21 часот во неделата вечерта, пишува „Нов Зеланд хералд“.
Властите примиле повеќе од 30 повици, во кои луѓето пријавиле дека покривот им бил разнесен од куќата и дека се соборени дрвја.
„Во мојата област е морничаво, луѓето беа уништени кога ја видоа состојбата на своите куќи и покриви, имаше голем страв кога го видоа обемот на штетата“, изјави жител за „Хералд“.
Засега нема информации за повредени.
Пожарникарите им помогнаа на жителите да стават церади на покривите во текот на ноќта, а официјалните лица рекоа дека најголемиот дел од штетата е направена на потегот помеѓу 11 улици.
На Нов Зеланд денеска во период од 12 часа се забележани 14.000 удари од гром, а силен дожд го погоди Јужниот Остров на таа земја, објави „Гардијан“.
Полицијата на градот Нелсон соопшти дека уште едно торнадо ја погоди областа Aper Muter оставајќи 12 дома без покриви и еден станбен блок без струја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Корупциски скандал во Брисел, „Хуавеј“ осомничен за поткуп на европратеници

Кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ е во центарот на новиот случај на корупција во Брисел. Денеска, белгиската полиција изврши претрес во домовите на неговите лобисти, откриваат Follow the Money и нивните медиумски партнери Le Soir и Knack.
Властите се сомневаат дека лобистите на „Хуавеј“ им дале мито на членовите на Европскиот парламент во замена за поддршка на нивната кауза во Европската Унија. Речиси 15 поранешни и сегашни пратеници се на радарот на истражителите, се дознава.
Во раните утрински часови белгиската федерална полиција изврши претрес во канцеларијата на „Хуавеј“ во ЕУ и во домовите на лобистите за кинеската технолошка компанија под сомнение за поткуп, фалсификување, перење пари и злосторничко здружување, изјавија луѓе блиски до истрагата за Follow the Money и белгиските медиуми Le Soir и Knack.
Вкупно 21 локација во Брисел, Фландрија, Валонија и во Португалија беа претресени како дел од широката истрага за корупција. Запленети се повеќе документи и предмети, но не се извршени претреси во Европскиот парламент.
Полицијата бара докази дека претставници на кинеска компанија го прекршиле законот при лобирање кај членовите на Европскиот парламент (ЕП), велат извори. Рациите во зората беа дел од истрагата на тајната полиција, која почна пред речиси две години по дојава од белгиската тајна служба.
Според еден извор близок до случајот, „петнаесетина (поранешни) пратеници се на радарот“ на истражителите. За сегашните европратеници, белгиските обвинители ќе мора да побараат од Европскиот парламент да им го укине имунитетот за да може да истражат понатаму. Такво барање сѐ уште не е поднесено, велат изворите.
Канцеларијата на белгиското федерално обвинителство потврди дека неколку лица биле испрашани. Тие ќе бидат сослушани за нивната наводна вмешаност во практики на поткуп во Европскиот парламент и за фалсификување и употреба на фалсификувани документи. Се претпоставува дека делата ги извршила криминална организација.
Европа
Русија: Ја ослободивме Суџа

Руските војници во изминатите 24 часа го ослободија градот Суџа и уште две населени места во пограничниот регион Курск, соопшти утринава руското Министерство за одбрана.
„Единиците на борбената група Север ги ослободија Меловои, Подол и Суџа во офанзивни операции“, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Кремљ: Американските преговарачи се на пат, одредени информации ѝ се доставени на Русија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека американските преговарачи се на пат за Москва.
„Точно е дека американските преговарачи се на пат и точно е дека се планираат контакти. Да не брзаме, ќе ви кажеме подоцна“, рече Песков.
„Веќе е остварен контакт – имаше телефонски разговор меѓу американскиот советник за национална безбедност, Мајк Валц, и советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков. Одредени информации ѝ се доставени на Русија“, додаде тој.
Песков не потврди дека Русија им дала на САД список со барања за договор со Украина. Ова претходно го објави новинската агенција „Ројтерс“ цитирајќи две лица запознаени со ова прашање.