Европа
Трамп ги прекршил законите, кинел документи и ги фрлал во тоалет?

Новооткриените фотографии откриваат два момента во кои поранешниот претседател Доналд Трамп фрлал документи во тоалетот, пишува Си-ен-ен.
Новинарката на „Њујорк тајмс“ и соработник на Си-ен-ен, Меги Хаберман, објавува нови фотографии во својата претстојна книга „Доверител“, а тие претходно беа објавени од „Аксиос“.
Си-ен-ен претходно објави дека Трамп ги прекршил законите за водење на претседателската евиденција и честопати кинел документи, нацрти и белешки откако ќе ги прочитал.
„Повремено фрлаше хартии во тоалетот во Белата куќа – за подоцна да биде откриен кога мајстори биле повикани да ги поправат затнатите тоалети“, стои во написите.
Newly revealed photographs reveal two occasions on which former President Donald Trump apparently flushed documents down the toilet.https://t.co/GFiyRZ46AS
— CNN (@CNN) August 8, 2022
Трамп ги отфрлил обвинувањата, а во изјава за „Аксиос“ портпаролот тврдел дека известувањето за оваа практика е измислено, според Си-ен-ен.
На фотографиите објавени во понеделникот, како што пишува медиумот, не е јасно на што се однесуваат документите – и кој е авторот – но, се чини дека тие се напишани со ракопис на Трамп и црн маркер.
Хаберман рекол дека едната фотографија е од бањата во Белата куќа, а другата е од патување во странство, што ѝ го дал извор од Белата куќа на Трамп.
„Којзнае што беше овој труд? Само тој ќе знаеше и веројатно кој и да се занимаваше со него“, изјавил Хаберман.
„Трамп имаше шема на непочитување на нормалните процедури за водење евиденција. Во една пригода Трамп праша дали некој сака да стави копија од говорот кој штотуку бил ставен на аукција на ‘е-Bay’. Во други случаи Трамп ќе назначеше помошници да носат кутии со непрочитани мемоари, белешки и нацрти на твитови во претседателскиот авион за да ги прегледаат, а потоа да ги искинат“, пишува медиумот.
Поранешен висок функционер на администрацијата на Трамп рекол дека заменик од кабинетот на секретарот обично доаѓа да ги извади работите од ѓубрето и од масата на Трамп откога тој ќе ја напушти просторијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Естонија ја откри патеката на летот на руските авиони вклучени во упадот

Министерството за одбрана на Естонија ја објави патеката на летот на трите руски воени авиони кои го нарушиле естонскиот воздушен простор.
Во соопштението се наведува дека италијански борбени авиони на НАТО ги придружувале руските летала при напуштање на територијата.
„Нарушувањето“ се случило над Финскиот Залив, северно од главниот град Талин, соопшти министерството.
Објаснуваат дека руските авиони од типот МиГ-31 летале „паралелно со државната граница, од исток кон запад“.
Се додава дека тие навлегле помалку од 10 километри во естонскиот воздушен простор.
Европа
Сајбер-напад предизвика проблеми на европските аеродроми

Сајбер-напад насочен кон давател на услуги за системи за пријавување и качување во авион го наруши работењето на неколку европски аеродроми, предизвикувајќи одложувања и откажувања на летови на аеродромите во Брисел и Берлин, соопштија операторите.
Нападот ги оневозможи автоматизираните системи за пријавување и качување во авион, принудувајќи го оперативниот тим на аеродромот да премине на рачни процедури, што значително го забави процесот, се вели во соопштението на аеродромот во Брисел, објави Ројтерс.
Како што е наведено, сајбер-нападот имаше големо влијание врз распоредот на летовите, а патниците беа предупредени да очекуваат одложувања.
Давателот на услуги наведува дека активно работи на решавање на проблемот и враќање на системот во функција.
„Поради технички проблем со давател на систем кој работи низ цела Европа, има подолго време на чекање за пријавување. Работиме на брзо решавање на проблемот“, соопшти аеродромот во Берлин на својата веб-страница.
Аеродром Франкфурт, најголемиот во Германија, не беше засегнат и функционира нормално.
Засега не е познато кој стои зад нападот.
Европа
Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција повеќе од една недела откога Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.
Се очекува разгранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на „Икс“.
Минатата недела Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата додека Русија ја напаѓаше Украина.
Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.
фото: принтскрин