Свет
Трамп ги прифаќа тврдењата за руско хакирање, по инаугурацијата ќе размислува за мерки
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го прифаќа заклучокот на американската разузнавачка заедница дека кибернетичките напади дошле од Русија, изјави во неделната идниот шеф на неговиот кабинет Ринс Прибас, додека истовремено неговата блиска соработничка Келеиен Конвеј изјави дека Трамп по инаугурацијата и консултацијата со разузнавањето ќе речи дали новата администрација на САД ќе преземе некакви мерки против Русија на којашто ѝ се припишуваат обидите да влијае врз американските претседателски избори во негова полза.
Претседателот на Националниот комитет на Републиканската партија, Ринс Прибас, кој е предложен за шеф на апаратот на Белата куќа, во интервјуто за американската телевизиска мрежа Fox News, изјави дека Доналд Трамп се согласува со заклучоците во извештајот на американските разузнавачки агенции за „активностите на руските хакери“ и може да „преземе мерки“ против Русија.
„Се разбира, тој не ги отфрла фактите дека во овој конкретен случај станува збор за ентитети од Русија“, изјави Прибас во врска со хакирањата на организациите и функционери на Демократската партија.
Претходно самиот Доналд Трамп ги оцени обвинувањата кон Русија без докази и изјави дека неговите политички противници од Демократската партија се обидуваат со тоа да го стават под прашање исходот од претседателските избори од 8-ми ноември на кои тој ја победи нивната кандидатка Хилари Клинтон.
Прибас, исто така, во неделата изјави дека демократите не сториле ништо за да спречат нелегален пристап до нивните преписки од „странска структура“, што и довело од истекување на документите во јавноста.
Изјавата на Прибас претставува големо отстапување, оценува Reuters, потсетувајќи дека Трамп повторно ги одбил тврдењата дека Русите настојувале да му помогнат. Се оценува и дека ова е прво признание на висок функционер од тимот на новиот претседател дека Трамп прифатил дека од Русија биле хакирани серверите на Демократската партија.
Американските агенции CIA, NSA и FBI објавија во саботата дека „со голема сигурност“ процениле дека лично рускиот претседател Владимир Путин сакал да влијае врз американските претседателски извори. Според нив, наводно руските воени разузнавачи од ГРУ, информациите добиени со хакирањето на Националниот комитет на Демократската партија (DNC) ги рашириле преку интернет, а кои покажаа дека раководството на партијата имала валкана стратегија против кампањата на сенаторот Берни Сандерс во предизборите во полза на Хилари Клинтон, како и компромитирачките мејлови на шефот на кампањата н Клинтон, Џон Подеста во кои се гледаат неговите деловни интереси, контакти со влијателни новинари и стратегиите во кампањата.
Истовремено, во интервјуто за телевизијата NBC News, блиската соработничка на Трамп, Келијан Конвеј, изјави дека дури по инаугурацијата новиот американски претседател ќе се консултира со разузнавачите и ќе носи одлука какви и дали ќе преземе мерки против Русија.
„Избраниот претседател, чијашто инаугурација ќе се одржи за околу две седмици,
Ќе треба да донесе решение за ова прашање заедно со својот тим за безбедност и разузнавање“, одговори Конвеј.
Од неа беше побарано и да одговори дали Трамп смета дека е можно истовремено да ги подобрува односите со Москва и да се обиде „да ја казни“ или „ќе треба да избере едно од овие две нешта“.
„Нема неопходност да го прави тоа, сето тоа зависи од конкретните прашања“, изјави помошничката на републиканскиот претседател. Таа истакна дека Трамп, особено, ја поздравува соработката со Москва против терористичката група Исламска држава.,/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

