Свет
Трамп направи скандал пред да пристигне во Лондон
Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој e во посета на Велика Британија, го критикува градоначалникот на Лондон, Садик Кан, кој претходно посетата на Трамп ја нарече тажен настан.
„Садик Кан, кој очигледно лошо работи како градоначалник на Лондон, беше глупаво одвратен кон претседателот на САД, најважниот сојузник на Велика Британија“, напиша Трамп на својот профил на „Твитер“.
.@SadiqKhan, who by all accounts has done a terrible job as Mayor of London, has been foolishly “nasty” to the visiting President of the United States, by far the most important ally of the United Kingdom. He is a stone cold loser who should focus on crime in London, not me……
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 3, 2019
„Тој е комплетен губитник кој треба да се фокусира на криминалот во Лондон, а не на мене“, продолжи Трамп.
„Кан ме потсетува многу на нашиот многу глупав и некомпетентен градоначалник на Њујорк, Де Бласи, кој исто така лошо работеше. Во секој случај, се радувам што ќе ѝ бидам голем пријател на Велика Британија и многу сум среќен за мојата посета“, напиша Трамп на пат кон Британија.
Критиките на Трамп доаѓаат како одговор на споредбата на американскиот претседател со фашистите од 20 век, која претходно ја даде Садик Кан. Кан го критикува Трамп пред планираната посета на Велика Британија обвинувајќи го претседателот за поддршката на десничарските националисти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.