Свет
Трамп најмногу го сака Путин, вели Сноуден
Обраќајки се преку видеолинк од Москва, поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, порача дека претседателот на САД, Доналд Трамп, никого на светот не сака повеќе од рускиот претседател, Владимир Путин.
Според Сноуден, Американците не треба да очекуваат дека специјалниот обвинител Роберт Малер, кој истражува можно руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, ќе го „разоткрие” Трамп дека соработува со Кремљ.
Поранешниот соработник на НСА верува дека Трамп не е тип на човек кој Путин може да го искористи.
„Да бидам искрен, секој кој го слушнал Трамп како зборува три минути, знае дека тој е ‘крш’. Човекот не може да се сети што сакал да каже на крајот на реченицата“, смета Сноуден.
Меѓутоа, како што вели, тоа не значи дека Трамп не сака да соработува или да направи што било за да се здобие со предност.
Сноуден верува дека времињата се менуваат кон полошо, а можат да се променат кон подобро ако се организираат повеќе добри луѓе.
„Верувам дека светот може да биде подобар. Верувам дека треба да биде подобар, а тоа нема да се случи додека ние не го направиме таков. Ова бара ризик, многу работа, а на крајот можеби ќе бара и жртва“, рече Сноуден во обраќањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.