Свет
Трамп: Објавете ги снимките за Кашоги ако воопшто постојат
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД бараат од Турција, ако воопшто постои, аудио и видеоснимка во врска со исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги. Истовремено, Трамп ја нарече Саудиска Арабија важен сојузник, нагласувајќи дека таа земја е значаен купувач на американскиот воен извоз, пренесе АП.
Турските власти тврдат дека Кашоги бил убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, додека, пак, саудиските власти тоа го негираат.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека САД многу сериозно го доживуваат исчезнувањето на саудискиот новинар. По неговата средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, Помпео му пренел на Ердоган дека Саудијците соработувале во истрагата и дека ќе разменат информации. Помпео истакна дека САД и Саудиска Арабија имаат важни врски, вклучително и спротивставувањето кон Иран. Сепак, тој нагласи дека доколку некоја земја е вмешана во активност што не е законска, тоа е неприфатливо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Економист“: Венс и Рубио во жесток судир околу планот за Украина
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и американскиот државен секретар Марко Рубио се најдоа на спротивставени страни на врвот на администрацијата, остро разидувајќи се околу мировниот план за Украина, пишува „Економист“, повикувајќи се на високи извори во Вашингтон.
Според сознанијата на ова издание, Венс првично се залагал за построг пристап кон Киев. Тој дури и го поканил украинскиот претседател Володимир Зеленски лично да му ги објасни условите што ги поставува Вашингтон. Во исто време, секретарот на армијата Ден Дрискол – универзитетски пријател на Венс – отпатувал во Киев, каде што му ги пренел ставовите на американската страна на Зеленски.
Од друга страна, државниот секретар Марко Рубио се обидел да ја „врати ситуацијата на вистинскиот пат“ барајќи компромис со украинското раководство, иако во исто време тврдел дека е „целосно надвор од линија“ во комуникацијата со Белата куќа.
Како што објавува „Економист“, Рубио нагласил дека клучните елементи на мировниот план ги изготвиле специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стивен Виткоф, и неговиот руски соговорник, Кирил Дмитриев. Самиот Виткоф подоцна потврди на Фејсбук дека планот е целосно резултат на работата на Соединетите Американски Држави.
ЗМедиумите потсетуваат дека изворите на Блумберг претходно изјавија дека администрацијата на Трамп сè повеќе врши притисок врз Киев што поскоро да склучи мировен договор со Москва, со цел да се стави крај на војната под услови што Вашингтон ги смета за прифатливи.
Овој раскол во самиот врв на американската администрација, според написите, јасно покажува дека САД сè уште бараат обединета позиција за тоа како да се стави крај на украинскиот конфликт – и под кои услови.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп: Нешто добро се случува
Американскиот претседател, Доналд Трамп, проговори за разговорите меѓу САД и Украина, кои се дел од мировниот план на САД за ставање крај на војната и руската агресија.
„Дали е навистина можно да се постигне голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина??? Не верувајте додека не го видите, но нешто добро можеби се случува токму сега. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА!“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Коментарот на Трамп доаѓа по интензивните разговори меѓу американските и украинските делегации во Женева, како дел од план од 28 точки чија прва верзија предизвика критики во Киев и европските престолнини за одредби што беа исклучително поволни за Русија.
САД тврдат дека сегашниот нацрт се менува и „сè повеќе ги одразува украинските национални интереси“.
Свет
Кошта: Единството на ЕУ е од суштинско значење за успехот на мировните преговори за Украина
Унифициран и координиран став на Европската Унија е клучен за обезбедување добар исход од разговорите за завршување на војната во Украина, изјави денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Во објава на платформата X, Кошта рече дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пред неформалниот состанок на лидерите на ЕУ за мировните напори во Украина, со цел да ја добие неговата проценка за ситуацијата, пренесува Ројтерс.
„Унифициран и координиран став на ЕУ е клучен за обезбедување добар исход од мировните преговори за Украина и за Европа“, истакна Кошта.
Вчера во Женева се одржаа преговори меѓу делегациите на Соединетите Американски Држави и Украина за американскиот мировен план од 28 точки, каде што Украина го изрази своето мислење и забелешки.
Американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите со украинската делегација изјави дека е постигнат огромен напредок во преговорите за завршување на војната во Украина, додека шефот на украинската делегација Андриј Јермак оцени дека средбата со американската делегација била продуктивна.
Фото: принтскрин

