Свет
Трамп: Пакистан го криеше Осама и земаше пари од нас
Американскиот претседателот Доналд Трамп го обвини Пакистан дека го криел лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, додека добивал милијарди долари американска помош. На обвинувањата возвратил пакистанскиот премиер, Имран Кан.
„Кан на својот твитер-профил напиша дека Пакистан има 75.000 жртви и изгубил 123 милијарди долари во американската војна против тероризмот“, наспроти фактите дека ниту еден Пакистанец не учествувал во нападот изведен на 11 септември на САД.
Кан наведува дека САД им обезбедиле помош од 20 милијарди долари, пренесе АП.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рекол дека секој во Пакистан знаел каде се наоѓа Бин Ладен и дека никој ништо не рекол наспроти тоа што САД на таа држава и` пружаа помош во износ од 1,3 милијарди долари годишно.
Трамп рекол дека ја укинал таа помош бидејќи тие ништо не направиле за САД.
САД и Авганистан долго време го обвинуваа Пакистан дека „мижи“ на присуството на исламски екстремисти и им пружа засолниште на лидерите на авганистанските талибанци.
Пакистан ги негира таквите обвинувања тврдејќи дека големите жртви кои ги има се поради судирите со пакистанските талибанци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.