Свет
(Видео) Трамп пак ги влоши односите со медиумите, му забрани на новинар на Си-ен-ен да известува од Белата куќа

На новинарот на Си-ен-ен, Џим Акоста, му беше одземена акредитацијата за известување од Белата куќа откако претседателот Доналд Трамп остро се скарал со него за време на конференцијата за новинари.
Кавгата избила откако Акоста му поставил прашање на Трамп за караванот мигранти кои од Јужна Америка се движат кон јужната граница на САД, а кога се обидел на тоа прашање да надоврзе и друго, Трамп рекол: „Доста е!“, додека членка од обезбедувањето на Белата куќа безуспешно се обидела да му го одземе микрофонот на новинарот.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сендерс, објави соопштение во кое Акоста се обвинува дека ги ставал рацете врз млада жена, која само се обидела да си ја работи својата работа, како вработена во Белата куќа, а неговото однесување се нарекува апсолутно неприфатливо, пренесе АП.
Акоста ги нарече лага обвинувањата од Сендерс. Туркањето меѓу Акоста и обезбедувањето било кусо, при што Акоста ѝ ја одбутнал раката кога таа посегнала по микрофонот, а тој се обидел да го задржи во своите раце. Потоа Акоста ѝ се извинил.
Си-ен-ен соопшти дека Белата куќа како одмазда поради чувствителните прашања, му ја одзела постојаната акредитација на Акоста.
Вчерашната прес-конференција за новинари, еден ден по изборите во Конгресот во САД, ја одбележа ново влошување на односите меѓу Трамп и новинарите, при што на еден новинар му наредил да седне, додека на друг му рекол дека е невоспитана и ужасна личност, пренесе АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија, вели извор

Европската унија го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија, изјави за „Киев Индепендент“ висок функционер на ЕУ, кој побара анонимност. Мерките се насочени кон речиси 200 бродови од руската „флота во сенка“, 30 компании вклучени во избегнување на санкции и 75 санкции против субјекти и поединци поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс и други цели.
Новиот пакет, исто така, вклучува мерки насочени кон руските хибридни операции, поточно воспоставување правна основа за дејствување против пропагандните канали или бродови и субјекти вклучени во саботажа на подводни кабли, аеродроми или сервери.
„Значи, гледате каде одиме. Покрај ‘традиционалните’ секторски и индивидуални санкции, го прошируваме опсегот и поактивно применуваме други видови санкции за да ја погодиме Русија таму каде што гледаме закани или обиди за заобиколување на постојните мерки“, рече изворот.
Свет
Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, во екот на пандемијата на коронавирусот, пресуди судот на Европската унија, објави „Политико“.
Новинарите бараа увид во тајните пораки меѓу претседателката на Комисијата и раководителот на фармацевтска компанија, кои ги разменија во пресрет на потпишувањето на договорот за вакцини вреден повеќе милијарди долари меѓу Фајзер и ЕУ.
Оваа пресуда би можела да има големи последици врз транспарентноста и одговорноста во ЕУ и претставува сериозен удар врз угледот на Урсула фон дер Лајен.
Во соопштението, Општиот суд на Европската Унија изјави дека Комисијата не успеала убедливо да објасни зошто смета дека текстуалните пораки разменети во контекст на набавката на вакцина против коронавирусот не содржат важни информации.
Постоењето на овие пораки, кои Комисијата првично не ги потврди, беше откриено во интервјуто што фон дер Лајен го даде за „Њујорк тајмс“ во 2021 година. Сепак, извршната власт на ЕУ му рече на судот во Луксембург за време на сослушувањето минатата година дека нивната содржина не е доволно значајна за да се сметаат за документи и затоа не се регистрирани или достапни за новинарите.
„Комисијата не може само да тврди дека ги нема бараните документи, туку мора да даде веродостојни објаснувања што ќе им овозможат на јавноста и на Судот да разберат зошто овие документи не можат да се најдат“, се вели во соопштението на судот.
Европа
Зеленски: Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз

„Никој не знае колку долго ќе трае војната. Но, не десет години. Украина нема да издржи… Русите нема да им веруваат на Украинците, а Украинците нема да им веруваат на Русите. Само надворешни посредници можат да гарантираат почитување на сите договори. Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.